Детали за огласот

ПРАКТИКАНТ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА БИЗНИС

Детали за огласот

Оглас за пракса: Business Development InternТапкарош – новата платформа за продажба и препродажба на билети – бара амбициозен и вреден практикант кој сака да се вклучи во развој на бизнис и да биде дел од еден возбудлив стартап во пораст!

Твоите задачи ќе вклучуваат:

Промоција на платформата преку социјални мрежи

Директен контакт со дистрибутери на билети и организатори на настани

Поддршка при развој на стратегија за проширување на бизнисот

Бараме некој што е:

Вреден и упорен

Подготвен да учи и да се развива

Самоуверен и одлучен

Желeн за резултати, не за изговори

Искуство со продажба на билети е предност, но не е неопходно – ќе учиш се на терен!

Можност за 20-40 часа неделно, со флексибилност и можност за вработување со полно работно време во иднина, во зависност од твојот ангажман и резултати.

Ако си личност со силна работна етика и страст за напредување – оваа шанса е за тебе!

Испрати ни кратко мотивациско писмо на info@tapkaros.mk и кажи ни зошто токму ти си вистинскиот избор за Тапкарош!

Останати огласи од ист регион