Детали за огласот

  • Борола увоз-извоз ДООСкопје
  • Плата По договор
  • Вид на вработувањеПо договор
  • Број на работни места1
  • Контакт телефон075-203-335
  • Контакт емаилlj.trajkovska@borola.eu
  • Веб странаhttps://borola.com/mk/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%B4%D0%B8/
  • Код на огласотTHGHJOH

СТРУЧЕН МЕДИЦИНСКИ СОРАБОТНИК ЗА РЕГИОН СКОПЈЕ

Детали за огласот

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК  ЗА РЕГИОН СКОПЈЕ

Историјата на БОРОЛА започнува од 1996 година и е една од водечките компании во областа на здравството. Уште од основањето на компанијата, се стреми кон подобрување на квалитетот на живот на своите корисници преку:

-Современи здравствени услуги

-Висококвалитетни природни, козметички и други производи за здравјето

-Целосна здравствена информација

 

Борола Доо Битола е овластено репрезентативно преставништво за компанијата Борола – Бугарија.

Нашата основна мисија е да обезбеди сеопфатна грижа за здравјето на луѓето преку иновативен и поинаков начин на размислување.

Високата професионалност на сите вработени на Борола, во комбинација со бескомпромисниот квалитет на произведените производи е во основата на нашиот успех.

 

Борола ДОО Битола има потреба од медицински претставник за работа на терен, со посета на доктори и аптеки за регион Скопје.

 

Одговорности:

-Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи

-Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти

-Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија

-Редовни извештаи

-Учество и организирање на стручни собири

-Следење и анализа на фармацевтскиот пазар

 

Ние нудиме / Вие добивате:

-Работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите продажни вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од успешна компнија која е фокусирана на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.

-Компетитивен пакет на услови, примања и професионален напредок.

 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратетe го вашето CV на e-mail: lj.trajkovska@borola.eu. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. Пријавените кандидати ќе се селектираат по пат на интервју и тестирање.

 

Потребни квалификации:

-ВСС: доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација

-Одлично познавање на англиски јазик

-Одлично познавање на работа со компјутери

-Возачка дозвола Б категорија со најмалку двегодишно искуство

-Способност за тимска работа

-Одлични комуникациски и организациски способности

-Одлучност и самоиницијативност

-Подготвеност за работа на терен и отсуство од местото на живеење