Детали за огласот

  • Нитро КомпјутериСкопје
  • Плата 27500-103500
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефон071243833
  • Контакт емаилnitro@nitro.mk
  • Веб странаnitro.mk
  • Код на огласотTHGHIGI
  • Квалификации

ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ

Детали за огласот

НИТРО КОМПЈУТЕРИ - СЕТ ГРУПА ВРАБОТУВА НОВ ЧЛЕН НА ТИМОТ

Нитро компјутери - Сет група вработува уште еден член на тимот на позиција ИТ СПЕЦИЈАЛИСТ. 

За кандидатите нудиме солидна плата, постојано стручно доусовршување и многу дополнителни привилегии на модерна ИТ фирма.

Евалуација на работата на вработените и нивното унапредување се врши квартално.

Работните задачи на работното место се следните:

- Kомпјутерски технички сервис

- Инсталација и одржување на програмите на Нитро компјутери и други произведувачи

- Инсталација и одржување на компјутерски локални и телекомуникациски мрежи, сервери, работни станици, системи за видео надзор и дигитални телефонски централи

- Продажба на компјутери, лаптопи, печатачи, мултифункциски уреди, бела техника, апарати за домаќинство, мрежна опрема и друга модерна техника.

Потребни лични карактеристики на кандидатот:

 - Исполнителен

 - Посветен

 - Лојален

 - Можност да работи во тим или самостојно

 - Заинтересиран за учење и лично надоградување.

Погодности на работното место:

 - Фер и транспарентен однос од сопствениците

 - Вработување на неопределено време

 - Здрава комуникација и работна атмосфера

 - Приватно здравствено осигурување после 4-тиот месец на работа

 - Модерни канцеларии блиску до центарот на Скопје

 - Флексибилно работно време, за перфектен баланс на работата со Вашиот приватен живот

 - Кујна со електричен бокал, апарат за смути, ѓезве за кафе, професионален апарат за еспресо, макиато, капучино, микробранова печка, мини-шпорет и airfryer

 - Секојдневно обезбедено кафе, цевитана, сокови и свежо овошје

 - Конференциска соба за одржување на состаноци и тим-билдинг

 - Lounge room за социјализација и релаксација

 - Nitro Fruit of the Loom T-маица, блуза и Nitro Atlantis капче.

Почетна плата (нето):

 - јуниор: 27500 МКД на цело работно време

 - медиум: 35000 МКД на цело работно време

 - сениор: 52000 МКД на цело работно време

Платата за секој вработен кој што ќе се докаже на работното место достигнува: 103500 МКД на цело работно време

Го очекуваме вашето CV на nitro@nitro.mk

Повеќе информации на Web страницата: nitro.mk