Детали за огласот

  • АИМ БИЗНИС ДЕВЕЛОПМЕНТ ДООЕЛ Скопје Скопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефоннема информација
  • Контакт емаилaimacedonia.business.development@gmail.com
  • Веб страна
  • Код на огласотTHGHHGN

САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

Детали за огласот

Друштвото за деловен консалтинг АИМ БИЗНИС ДЕВЕЛОПМЕНТ ДООЕЛ Скопје кое друштво врши специјализирани услуги на деловен консалтинг на домашниот пазар со фокус на специјализирани консултантски услуги за развој на микро, мали и средни претпријатија има потреба од вработување на лице за работна позиција САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК за деловно - правни и финансиски работи.

  

***Опис на работни задачи

Работната позиција опфаќа

- Извршување на административно – технички и правни работи за компанијата;

- Извршување на административно – правни работи од делокруг на спроведување на деловната активност на компанијата наспрема клиентите;

- Вршење на специјализиран деловен консалтинг за клиентите во делот на можностите произлезени од важечките и инкорпорирани програми за финансиска поддршка на компаниите и подготовка на документација за нивно искористување;

- Вршење на деловен консалтинг за имплементација на деловни инвестициони активности на клиентите и подготовка и изработка на документација за нивно планирање и имплементирање;

 

***Потребни квалификациии

Високо ниво на интегритет, доверливост и силно изразена мотивираност за професионална надградба

Високо ниво на одговорност, комуникативност и професионалност

Можност за извршување задачи во куси рокови и справување со работа под притисок

Завршен правен или економски факултет

Активно познавање на деловен англиски јазик и целосно познавање на MS Office пакетот;

Најмалку двегодишно искуство во работа со правни, финансиски, сметководствени и административни работи во приватниот сектор не вклучувајќи приправнички стаж, пракса и волонтирање;

 

***Предност ќе имаат кандидатите со

Повеќегодишно искуство во работа со правни, финансиски, сметководствени и административни работи во приватниот сектор;

Работно искуство во финансиски институции;

Искуство во спроведување на постоечките програми за финансиска поддршка на компаниите;

Положен правосуден испит или повеќегодишно искуство во деловното право;

Искуство во изработка на бизнис/деловни/инвестициони планови;

Искуство во менаџирање со проекти;

 

***Нудиме

Можности за личен и професионален развој

Можности за стекнување на специјализирани квалификации во деловното работење

Постојана обука и унапредување на работните квалификации

Компетитивна плата и додатоци на плата

 

Вашето CV испратете го на емаил: aimacedonia.business.development@gmail.com, со назнака за оглас за СТРУЧЕН СОРАБОТНИК.

 

Краен рок за пријавување е 15.09.2024 година.