Детали за огласот

(Неактивен) - ЕЛЕКТРО ТЕХНИЧАР

Детали за огласот

Оглас за вработување во МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА КВАЛИТЕТ Скопје

 

Електро техничар

Електротехничар – (пожелно насока енергетика) со најмалку три години континуирано работно искуство на работи поврзани со изведба, испитување или управување со електроенергетски постројки,трансформаторски станици, моторни погони, ниско напонски инсталации, постројки за електроенергетски мерења и испитувања и сл.Избраниот кандидат ќе учествува во вршење на технички прегледи и периодични испитувања на електроенергетска опрема, електрични производи и уреди,ниско напонски елетрични инсталации.

Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот.

Конкурентски предности за  работната позиција:

Тимска работа и кооперативност Познавање на Microsoft Officе, CAD софтвер и познавање на останати апликации.)

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

1.    Биографија (CV)

2.    Доказ за завршено образование

Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето. Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на неопределено време.

 Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса miq@miq.com.mk со назнака „ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Краен рок за пријавување: 20.02.2024