(Неактивен) - ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ
Детали за огласот
ВИВАКС Фармацеутикалс е фармацевтска компанија присутна на пазарот во Македонија и Србија од 2016 година и е дел од мултинационалната корпорација VIVAX Pharmaceuticals, која ги претставува водечките фармацевтски компании во Централна и Источна Европа повеќе од 20 години.
Специфичноста и уникатноста на лековите и медицинските помагала на кои работиме бара исклучително образование на стручен соработник како и подготвеност за секојдневно учење.
Поради воведување на нова програма на оригинални лекови потребни ни се мотивирани кандидати кои би се приклучиле на млад и перспективен тим.
Некои од обврските на стручниот соработник кои одат со описот на работното место:
· Организирање и спроведување на планот за посети на здравствените работници во одредена област
· Презентирање и промоција на производите пред стручната и по потреба и пошироката јавност
· Следење на трендовите и анализа на пазарот
· Следење и анализа на работата на конкурсот
· Учество на стручни состаноци како и организирање на предавања
· Воспоставување, одржување и подобрување на комуникацијата со стручната јавност
Потребни квалификации :
· Високо образование: доктор по медицина, стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација
· Познавање на работа со компјутер - MS Office
· Активно познавање на англиски јазик
· Возачка дозвола Б категорија
· Одлични комуникациски вештини
Нудиме:
Службен автомобил, телефон и iPad се дел од пакетот што оди со работното место, а покрај редовната месечна плата има и стимулации во вид на бонуси со платата. Работата е во пријатна атмосфера со млад и перспективен тим како и можност за напредување и усовршување преку континуирана обука во земјата и странство.
Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа.
Доколку објавената позиција ја сметате за добра можност за Вашиот професинален развој, Ве молиме испратете мотивациско писмо и професионална биографија/ CV. Документите ќе бидат разгледани во полна дискреција. Апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии можат да ги испратат на меил адреса: office-mkd@vivax.sk, контакт тел. 071/352 487
Останати огласи од ист регион
-
ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОР
- Трговија
- Скопски
- ПАРАДИСО ГРУП
- 02-05-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ГОТВАЧ/КА
- Угостителство
- Скопје
- Друштво за угостителство трговија и услу...
- 21-04-2026
- 0 НОВ ПРЕМИУМ
-
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИТ МРЕЖИ
- Информатичка техноло...
- Скопски
- Супорт & Солушонс центер МК
- 06-05-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ОПЕРАТОР
- Прехранбена
- Скопски
- Гранд-Експорт Подружница бр.3 ГФЦ
- 05-05-2026
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
ИТ ИНЖЕНЕР
- Информатичка техноло...
- Скопски
- Супорт & Солушонс центер МК
- 29-04-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ПАКУВАЧ
- Прехранбена
- Скопски
- Гранд-Експорт Подружница бр.3 ГФЦ
- 01-05-2026
- 2 БЕСПЛАТЕН


