Детали за огласот

  • Мурат Виринг Системс МакедонијаСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места10
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб страна
  • Код на огласотTHGFFKN

(Неактивен) - ОПЕРАТОР НА ПРОИЗВОДСТВЕНА ЛИНИЈА

Детали за огласот

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 

Мурат Тиџарет како една од позначајните компании на светскиот пазар во производство на електро инсталации за автомобилската индустрија е основана од 1969 година.

Главното седиште на компанијата се наоѓа во Турција, но поради квалитетот и можностите со кои располага, Мурат Тиџарет има отворено производствени капацитети и свои претставништва во Европа, Кина и Северна Америка. 

Во 2019 година започнува со работа и производствениот капацитет во Република Северна Македонија под името Мурат Виринг Системс Македонија ДОО, со седиште во Технолошко Индустриската развојна зона Бунарџик, Скопје ТИРЗ 2.

Фабриката Мурат Виринг Системс Македонија ДОО, поради зголемување на обемот на производството и потребата од зголемен број на вработени објавува оглас за следната работа позиција:

 

ОПЕРАТОР ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ИНСТАЛАЦИИ

Потребни квалификации:

·        Минимум ССС

·        Со или без работно искуство 

Работни обврски и услови:

·        Работа во производство на елекртични инсталации

·        Подготовка на материјали за работа

·        Изработка и доработка  на електрични инсталации, склопување на електрични компоненти и кабли

·        Работа со машини и рачен алат за сечење, лепење, преси, мерни инструменти, итн

·        Проверка на изработениот производ (визуелна контрола и функционален тест)

·        Работата во стоечка положба

·        Способност за повторувачки движења, добар вид и препознавање на различни нијанси на боја на жиците

·        Способност за следење на инструкции за работа и работни упатства

·        Прецизност и точност во извршувањето на работните задачи

·        Способност за извршување на работни задачи во кратки рокови

·        Одговорност при извршување на задачите

·        Тимска работа.

Што нуди компанијата:

·        Позитивна работна атмосфера

·        Редовни месечни примања

·        Обезбеден превоз

·        Обезбеден оброк  

Доколку сте заинтересирани за наведената позиција и ги исполнувате горенаведените критериуми ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија на следнaта е-маил адреса: humanresource@muratws.com