Детали за огласот

(Неактивен) - ЕЛЕКТРИЧАР/ЕЛЕКТРОМОНТЕР

Детали за огласот

Електроинженер

Мобил-Ел има потреба од вработување на електротехнички инженер за позиција раководител на објект при изведба на јакострујни и слабострујни електрични инсталации.

Опис на работни задачи: инженер за изведба (раководител на објект) по можност со овластување Б за изведба

Место на извршување на работни задачи: деловни, индустриски и станбени објекти претежно во Скопје и околината како и во цела Македонија.

Потребно образование: предност имаат кандидати со електротехничко образование (ВСС или повисоко).

Работно искуство: предност имаат кандидати со работно искуство.

Потребни дополнителни вештини кои не се задолжителни:

Електротехнички факултет (ВСС или повисоко)

читање и детално разбирање на проектна документација

Возачка дозвола Б категорија

Подготвеност за тимска работа

работно искуство

Нудиме:

Вработување со пријавување во АВРМ

Соодветна финансиска надокнада

Тимска работна средина

Можност за напредување во кариерата

Кратка биографија и мотивациско писмо доставете на mobil_el@yahoo.com

 

Електромонтер

Мобил-Ел има потреба од вработување на минимум двајца електромонтери/ електроинсталатери за изведба на јакострујни и слабострујни електрични инсталации. Јакострујните инсталации вклучуваат полагање на кабли, монтажа и врзување на разводни табли, галантерија, расвета и пуштање во работа. Слабострујните инсталации опфаќаат комјутерски системи, системи за детекција и дојава на пожар, системи за видео надзор, системи за контролиран пристап и работно време, системи за заштита од упад/кражба, видео и домофонски системи, системи за обесчадување, системи за детекција на штетни и ексползивни гасови, системи за заштита на производи од кражба и броење на посетители и сл.

Опис на работни задачи: каблирање, монтажа и врзување на разводни табли, галантерија, расвета, монтажа и врзување на RACK ормари, пуштање во работа и сл.

Место на извршување на работни задачи: деловни, индустриски и станбени објекти претежно во Скопје и околината како и во цела Македонија.

Потребно образование: предност имаат кандидати со електротехничко образование (ССС или повисоко) но не е задолжително.

Работно искуство: предност имаат кандидати со работно искуство.

Потребни дополнителни вештини кои не се задолжителни:

Електротехничко образование (ССС или повисоко)

читање и детално разбирање на проектна документација ( блок шеми и цртежи со основи од електричен развод)

Возачка дозвола Б категорија

Подготвеност за тимска работа

работно искуство

Нудиме:

Вработување со пријавување во АВРМ

Соодветна финансиска надокнада

Тимска работна средина

Можност за напредување во кариерата

Кратка биографија и мотивациско писмо доставете на mobil_el@yahoo.com