Детали за огласот

  • Blagica MilanovaСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места10
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.globewilliams.com
  • Код на огласотTHFONIF

(Неактивен) - ХИГИЕНИЧАР НА ПРОИЗВОДСТВЕНИ - РАБОТНИ ПРОСТОРИИ

Детали за огласот

Локација: Индустриска Зона - Илинден, Скопје

Работните задачи се извршуваат во индустриски услови, т.е. производствени капацитети, магацини, лабораторија, административни канцеларии, кантина, чајна кујна, соблекувални, тоалети.

Работен распоред: 6 последователни дена во неделата, 8 часовен работен ден со 30 минути вклучена пауза, во три смени од понеделник до недела, по што следат 2 слободни дена за одмор во роатција 365/7/24.

Главни одговорности задачи

Воден од лидерот на сменскиот тим хигиеничарите се одговорни за:

·      обезбедување професионални хигиенски услуги во согласност со стандардите на компанијата;

·      одржување на чиста и безбедна средина за непречено работење на објектот согласно најдобрите практики и со примена на највисоки стандарди за Безбедност и здравје при работа

·      претставување на компанијата како давател на услуги со највисоки стандарди за етичко и професионално однесување

·      следење на постапките за употреба на индустриски, хемиски производи за чистење и електрична опрема за чистење, со цел да се спречи какво било оштетување на подовите, инсталациите и лични повреди

·      одршување на хигиената и грижа за машните, алатите преку нивно прецизно складирање и грижа за целата опрема и производи за чистење во назначените складишни места.

Главни задачи

·         Чистење на подовите во зградата со метење, џогирање, чистење со правосмукалка и со машини за чистење;

·         Чистење на канцеларискиот мебел и опрема;

·         Сервисирање, чистење и обезбедување на потребните материјали во тоалетите;

·         Сервисирање, чистење и обезбедување на потребните материјали во кантините и кујните;

·         Дезинфекција на сите површини кои се одредени да се дезинфицираат;

·         Собирање на отпад и празнење на корпи за отпадоци;

·         Чистење на внатрешни прозорци.

Услови

·         Средно образование сите профили или основно образование со најмалку 5 годишно работно искуство;

·         Подготвеност за работа во 3 смени, надвор од населено место;

·         Основно познавање на општите хигиенски практики;

·         Општо познавање на производи за чистење и нивна примена;

·         Познавање на личната заштитна опрема и спремност за нејзино користење при работа со хемикалии и машини;

·         Способност за безбедно ракување со машини и алатки за чистење, безбедно и адекватно користење на хемикалии со цел лична заштита и заштита на вработените;

·         Работата бара физичка сила и добро развиени моторички вештини;

·         Општо искуство со чистење;

·         Искуство со чистењето во индустриски т.е. производствен објект ќе се смета како предност.

Работодавачот нуди конкурентен пакет плата и додатоци на плата по разни основи.

Од страна на работодавачот е обезбедена обука за ракување со машини за чистење, соодветна употреба на хемикалиите со кои се чисти, како и обука за безбедност и здравје при работа.

Обезбеден е превоз, храна и униформа и заштитна опрема за работа.