
(Неактивен) - АДВОКАТ И АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ
Детали за огласот
Адвокатско друштво ДЕБАРЛИЕВ, ДАМЕСКИ И ЌЕЛЕШОСКА објавува оглас за вработување на следниве позиции:
ПОСТАР АДВОКАТ
Потребни квалификации:
· Завршен Правен факултет;
· Положен правосуден испит;
· Најмалку 5 години работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија;
· Активно познавање на Англискиот јазик;
· Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
· Напредна работа со компјутер и MS Office;
Потребно работно искуство во следниве области:
· изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
· водење или координирање на проекти од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
· длабинска анализа на компании (legal due diligence);
· практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
· изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
· редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
· самостојно, стручно и професионално постапување по горенаведените точки.
Плата по договор (над 45.000 МКД).
АДВОКАТ
Потребни квалификации:
· Завршен Правен факултет;
· Положен правосуден испит;
· Работно искуство како адвокат во адвокатска канцеларија;
· Активно познавање на Англискиот јазик;
· Познавање и на Германски јазик се смета за предност;
· Напредна работа со компјутер и MS Office;
Потребно работно искуство во следниве области:
· учество при изготвување на писмени правни мислења и давање на правни консултации од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
· учество на проекти од областа на трговското, корпоративното, финансиското, стопанското и деловното право;
· учество при длабинска анализа на компании (legal due diligence);
· практично познавање на материјалните прописи од областа на заштита на конкуренција, заштита на лични податоци, електронски комуникации, трговски друштва, хартии од вредност, финансирање, енергетика, даночно, граѓанско, стопанско, работно, стечајно и друго сродно право;
· изготување на акти и документи за сите погоренавдени проекти и правни области;
· редовна и секојдневна комуникација со клиенти;
· стручно и професионално постапување по горенаведените точки.
Плата по договор (до 45.000 МКД).
АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИЦИ
Потребни квалификации:
· Завршен Правен факултет;
· Активно познавање на Англискиот јазик; познавање на втор јазик се смета за предност;
· Напредна работа со компјутер и MS Office;
Плата по договор.
Сите заинтересирани кандидати да достават CV на Македонски и Англиски јазик на е-маил адреса на Адвокатско друштво ДДК: info@ddklaw.com.mk
Ве молиме во Вашето CV наведете практични искуства на конкретни проекти од правните области наведени погоре.
Рок за пријавување е до 15.06.2023 година.
Останати огласи од ист регион
-
ОПШТ РАБОТНИК
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 19-09-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
ВОЗАЧ – ДИСТРИБУТЕР СО Б КАТЕГОРИЈА
- Прехранбена
- Скопје
- Уни - Лукс ДООЕЛ Скопје
- 27-08-2025
- 2 БЕСПЛАТЕН
-
МОНТЕР СЕРВИСЕР
- Машинство
- Скопје
- Инфосет доо Скопје
- 27-08-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
СЕКРЕТАРКА ВО АДМИНИСТРАЦИЈА
- Печатарска
- Скопје
- DECO LTD
- 26-08-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО- ВАРЕЊЕ ЛОКУМ
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 31-08-2025
- 2 БЕСПЛАТЕН
-
DATA COLLECTOR
- Спорт
- Скопје
- Hristina Freund
- 22-09-2025
- 2 ПРЕМИУМ