Детали за огласот

  • МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО БитолаБитола
  • Плата По договор
  • Вид на вработувањеРедовен работен однос
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://monting.mk
  • Код на огласотTHFOJHN
  • Квалификации

(Неактивен) - РЕФЕРЕНТ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Детали за огласот

МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола објавува оглас за:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Потребни квалификации и компетенции:

- Завршено високо образование (Правен факултет, Економски Факултет, Бизнис и Администрација)

- Познавање на законската регулатива во областа на: Работни односи, Безбедност и здравје при работа, Деловно право, Облигациони односи

- Познавање на MS Office

- Добри комуникациски способности

- Способност за индивидуална и тимска работа

- Мотивираност за исполнување на зададените цели

 

Работни задачи и одговорности:

- Правно усогласување на целокупното работење на компанијата;

- Вршење на сите работи од областа на работни односи (регрутација на кадри, вработувања, пријава и одјава на вработени, водење на досиеа на вработени, годишни одмори, дисциплински казни и сл.);

- Вршење на сите работи од областа на безбедност и здравје при работа (подготовка на акти за БЗР, регулирање на повреди на работно место, евиденција за здравствени прегледи, организирање на обуки за БЗР и сл.);

- Изработка на секаков вид на Договори за соработка согласно потребите на компанијата;

- Изработка на одлуки, решенија и останати акти за тековното работење на компанијата;

- Соработка со осигурителни компании и брокер за изработка на полиси за осигурување на имот и опрема, како и колективно осигурување на вработени;

- Соработка со адвокат, нотар, извршител, државни институции и инспекции согласно потребите од тековното работење на компанијата;

- Вршење на останати административни работи согласно потребите на компанијата.

 

Што нудиме?

- Вработување на полно работно време

- Компетитивна плата во согласност со искуството

- Бонуси, додатоци и надоместоци на плата согласно закон

- Обезбеден топол оброк

- Пријатна и динамична работна атмосфера

- Професионален кариерен развој

- Работа со професионален тим со големо искуство во дејноста

 

Начин на аплицирање:

- Испратете CV на следниот e-mail: contact@monting.mk или јавете се на следниoт телефон: 047 241 020

Останати огласи од ист регион