Детали за огласот

  • СИГМА-СБ Славчо ДООЕЛ увоз-извоз СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.sigmasb.com.mk
  • Код на огласотTHFNIGH

(Неактивен) - ИМПЛЕМЕНТАТОР НА СОФТВЕРСКИ РЕШЕНИЈА

Детали за огласот

 

Сигма-СБ објавува оглас за вработување со полно работно време за работно место:

Имплементатор на софтверски решенија

Работни задачи: 

·         Анализа и документирање на потребите на корисниците на софтверот

·         Прибирање и документирање на јасни, концизни и недвосмислени функционални спецификации за софтверско решение

·         Управување со промени на договорени барања во однос на рок и содржина, со цел навремено исполнување на договорени рокови

·         Tесна соработка со проект менаџери, програмери и останати учесници во проектот со цел постигнување на најдобри резултати

·         Извршување на проектни активности според дефинирани проектни задачи

·         Дефинирање на задачи за останати членови на тимот

·         Контрола и тестирање на новите софтверски функции кои произлегуваат од доделените задачи

·         Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби

·         Подготовка на извештаи за статус на проект

·         Останати активности неопходни за реализација на проектот

Вештини:

·         Напредно познавање на процеси од деловното работење во компаниите

·         Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на компаниски менаџмент

·         Одлични аналитички вештини

·         Напредни комуникациски вештини

·         Вештини за пишување

·         Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време

·         Основно ниво на информатичко знаење

Области од кои е потребно знаење (општо познавање):

·         Општ бизнис менаџмент

·         Финансиски менаџмент

·         Управување со производство, трговија и залихи (магацини)

·         Управување со дистрибуција и големопродажба

·         Малопродажба

Образование (посакувано): 

·         Бизнис администрација – општ менаџмент, финансиски менаџмент или

·         Економија – сметководство, е-бизнис, финансии или

·         Компјутерски науки – програмирање, администрација на бази на податоци, дизајн на софтвер

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат

·         Солидно познавање на бази на податоци (MS SQL)

·         Искуство во имплементација на ЕРП системи

Работно време

·         Редовно работно време на Сигма-СБ е од 08-16 ч. од понеделник до петок

·         Објавеното работно место е за работа од далечина со флексибилно работно време

Пријавување 

·         Испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на е-маил: rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: “за Имплементатор на софтвер”

Начин на избор

·         Изборот на кандидати ќе се врши врз основа на доставена документација, тестирање и интервју. Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кандидати кои ги исполнуваат условите, ќе бидат повикани на понатамошен процес на селекција. Сите кандидати ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена по завршување на огласот.

 

Рок за пријавување: 5 Март 2023.

 

Со испраќањето на Вашата кратка биографија(CV) и мотивациско писмо, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на СИГМА-СБ

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на посочената електронска пошта