Детали за огласот

(Неактивен) - СЕРВИСЕР НА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА

Детали за огласот

DND Commerce d.o.o е компанија од Србија која се занимава со регионални снабдувања со иновативни медицински средства за различни оперативни процедури, уреди и потрошни материјали за стерилизација и контрола на инфекција, болнички и професионални средства за дезинфекција и системи.

  Со современа технологија и континуирана едукација тежнееме да бидеме ЧЕКОР ПРЕД ДРУГИТЕ, со цел да го подигнеме  нивото на здравствената заштита. Сите производи ги исполнуваат условите на меѓународните стандарди и регулатива и се користат во повеќе од 80 земји ширум светот. Повеќе за нашата дистрибутивна програма, како и за нас можете да се информирате на нашата Web страна www.dndcommerce.rs

 

ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА ОГЛАСОТ ЗА РАБОТНО МЕСТО:

СЕРВИСЕР НА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА

Работни задачи:

1.      Сервисирање на медицински апарати за парна и нискотемпературна стерилизација, апарати за перење и дезинфекција на хируршки инструменти, апарати за перење и дезинфекција на садови за ноќна послуга, како и апарати за контрола на инфекција

2.      Инсталација и одржување на медицински апарати од асортиманот на нашата компанија

3.      Водење влезна - излезна документација за секој поединечен уред примен на сервис

4.      Постојана комуникација и деловна коресподенција со работните партнери и крајните корисници, како и со останатите вработени во фирмата.

5.      Комуникација со сервисниот тим на производители и пополнување извештај за квалитетот на уредите

6.      Асистенција во текот на интера и екстерна едукација на медицинскиот  персонал (потенцијални и крајни корисници)

Услови:

1.      Минимум IV степен стручна подготовка за електротехничка и машинска струка

2.      Познавање на англиски јазик (усмено и писмено)

3.      Познавање на работа со компјутери (Mikrosoft Office пакет)

4.      Возачка дозвола Б категорија

5.      Задолжително е претходно работно искуство во струката (пожелно е од областа на сервисирање на медицинска опрема)

 

Предности:

1.      Одлични комуникациски способности (усмени и писмени)

2.      Точност, прецизност, педантност и почитување на роковите.

3.      Одговорен пристап кон работата

Ние ви нудиме

1.      Константно усовршување и развој

2.      Работа во пријатен простор во колективот

3.      Стимулативна заработка во согласност со усовршувањето и напредокот

 Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават CV на следната меил адреса kontakt@antoris.mk најдоцна до 07.01.2023 година

 

Контакт:

02/3104-604

071/223-868