(Неактивен) - РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОИЗВОДСТВО
- Производство
- Битола
- МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола
- 10-11-2022
Детали за огласот
МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО Битола објавува оглас за:
РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОИЗВОДСТВО
Потребни квалификации и компетенции:
- Завршен Машински Факултет
- Работно искуство во професијата од минимум 5 години
- Работа со компјутери (AutoCad, MS Office, TEKLA)
- Познавање на англиски и српски јазик
- Познавање на стандардите од подрачјето на челични конструкции
- Познавање на постапките за заварување
- Познавање на постапките за изработка и монтажа на челични конструкции
- Организациски способности
- Мотивираност за исполнување на зададените цели
Работни задачи и одговорности:
- Организирање и планирање на производството
- Одговорност за роковите за изведба, квалитетот, продуктивноста и ефективноста на работата
- Изработка и достава на извештаи до претпоставените, за динамиката и резултатите од работењето во производство
- Планирање и одговорност за рационална употреба на материјалите во процесот на производство
- Координирање на процесот за антикорозивна заштита со процесот на производство
- Организација и одговорност за рационално искористување на работните часови, како и водење на уредна евиденција за одработени часови во сектор производство
- Следење и оценка на работниците, како и известување за потребите од работници во сектор производство
Што нудиме?
- Вработување на полно работно време
- Основна нето плата од 36.000 денари до 42.000 денари, во зависност од квалификациите и искуството
- Бонуси, додатоци и надоместоци на плата согласно закон
- Обезбеден топол оброк
- Пријатна и динамична работна атмосфера
- Професионален кариерен развој
- Континуирана обука и можност за напредок
- Работа со професионален тим со големо искуство во дејноста
Начин на аплицирање:
- Испратете CV на следниот e-mail: bojan.naumovski@monting.mk
За компанијата дознајте повеќе на: www.monting.mk