(Неактивен) - АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
- Продажба и трговија
- Скопје
- Самеримпекс Импулси
- 18-10-2022
Детали за огласот
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
За наш клиент, компанија која се занимава со трговија на првокласни брендови за уредување на подовите во станбени и деловни простории, бараме КОНСУЛТАНТ ВО ПРОДАЖБА. Компанијата веќе дваесет години успешно поставува високи стандарди во областа, низ професионална услуга која на прво место го става задоволството на своите клиенти.
Ако претпочитате брзо темпо во пријатна работна средина, ве мотивираат постигнувања и развој за врвна услуга на клиентите, испратете ја Вашата пријава денес!
Кандидатот што го бараме има:
• Минимум четири години релевантно искуство во продажба и трговија. Предност имаат областите градежништво, внатрешно уредување, дизајн на ентериери, области поврзани со трговија на материјали за домување.
• Познавање на работа со фискални апарати и терминали за процесирање плаќања (ПОС терминали)
• Афинитет за комуникација со различни клиенти во контекст на утврдување на нивните потреби и креирање соодветна понуда од палетата производи
• Способност за преговарање и договарање проекти со различни клиенти
• Самоиницијативност и желба за постојано учење
• Познавање на NITRO или слични програми
• Познавање на англиски и албански јазик ќе се сметаат за предност
• Пожелно е поседување на возачка дозвола и возило, но не е услов за вработување
Нашиот КОНСУЛТАНТ ВО ПРОДАЖБА:
• Ги утврдува потребите на клиентите во продажниот салон
• Презентира модели од палетата производи, согласно потребите на клиентот и достапноста / залихата
• Креира понуди за клиенти, преговара за можни опции, рокови на испорака и сл.
• Внесува креирани понуди во интерниот систем за водење на продажбата
Компанијата нуди одлични работни услови и можности за учење, стимулативна работна средина и можност за заработка според остварените резултати. Почетна плата: 25.000 денари нето. Продажниот салон се наоѓа во населбата Кисела вода во Скопје.
Заинтересираните кандидати треба да испратат писмо за интерес и биографија (CV) на natasa.ivanovska@insight.mk најдоцна до 12.11.2022 со назнака: Консултант во продажба. Кандидатите кои ги исполнуваат условите од огласот ќе бидат контактирани за интервју. Со испраќањето документи за пријава на огласот се согласувате истите да бидат зачувани во нашата база поред уредбите од Законот за заштита на личните податоци.
Останати огласи од ист регион
-
ОПШТИ РАБОТНИЦИ/ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 03-12-2024
- 1 ПРЕМИУМ
-
ПРОДАВАЧ
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 10-12-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
ВОЗАЧ – ДИСТРИБУТЕР СО Б КАТЕГОРИЈА
- Дистрибуција и Логис...
- Скопје
- MARIBOR DOOEL
- 30-11-2024
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ ЗА ВНАТРЕШНО СМЕТКОВОДСТВО
- Сметководство
- Скопје
- ДТУ НАС МБД ДООЕЛ Скопје
- 12-12-2024
- 0 ПРЕМИУМ
-
САЛАТЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- ИГ- Груп ДООЕЛ
- 18-12-2024
- 2 ПРЕМИУМ
-
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 07-12-2024
- 0 ПРЕМИУМ