Детали за огласот

(Неактивен) - МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА

Детали за огласот

Фирмата Доорс Импекс ДОО бара менаџер за продажба,

Секоја личност (дури и без работно искуство!) која се чувствува одговорна, отворена за активно учење и себеунапредување , која сака да работи за резултати постугнувани со љубов и ентузијазам, а не за работното време, може да аплицира. 

Задачи и одговорности:

Активно работење за зголемување на продажбите.

Комуникација со постоечки и потенцијални комитенти – развој на пазарот.

Планирање, организирање, оптимизирање на продажниот процес.

Формирање на понуди Контрола на набавката и продажбата.

Придржување кон правилата и вредностите на фирмата

Вештини и способности:

Способност за непрекинато учење и себеподобрување!

Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи. 

Развиени аналитички, презентациски и комуникациски вештини, совесност.

Одговорност и предаденост на работата Чесност и поштеност кон фирмата, вработените и клиентите на фирмата.  

Ние нудиме: - Обука, динамична и одговорна позиција со можност за брз кариерен напредок - Компетитивна плата плус бонус поврзан со учинокот - Пријатна работна средина

Сите заинтересирани ве молиме пратете го Вашето CV со слика и мотивационно писмо на i.lickov@doorsimpeks.mk со ознака "Оглас за Продажен Менаџер".