Детали за огласот

  • Озон дооелСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.ozonair.info
  • Код на огласотTHFKKOF

(Неактивен) - ОПЕРАТОР НА CNC МАШИНА

Детали за огласот

Озон е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согасно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

Озон ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:

 

Оператор на машина (за виткање и сечење метални)

 

Помошник оператор кој ќе се обучува да стане оператор на ЦНЦ пунч преса со Фануц (Fanuc) контрола - автоматизирани и делумно автоматизирани машини за обработка на метали и ги надгледуваат наведените машини и уреди. Со обуката ќе се стекне со знаење за работа во софтвери за припрема на материјалите за обработка.

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

-        Кандидатот е пожелно да има претходно работно искуство на ЦНЦ пунч преса или слична машина

-        Завршено средно образование (Машинско или Електротехничко е предност)

-        Работно искуство од минимум 3 години на машина ќе се смета за предност

 

За следниве работни задачи:

-        ракување  со  механички,  полуавтоматски  и  автоматизирани машини за виткање и сечење на лим, профили или цевки и надгледување на нивната работа;

-        прости доработки и преправки на податоци за НЦ или ЦНЦ програми, нивно префрлување од персонален компјутер на машина и обратно;

-        работа со алати за машините, нивно одржување, промена и подесување;

-        тековни постапки за одржување на машините, припрема за работа, припрема за прекин со работа и водење евиденција за дневни активности;

-        запазување на стандардите од спецификациите за работа и преземање на безбедносни мерки при работата;

-        основно тековно одржување, чистење и водење детална евиденција;

-        вршење на сродни задачи на други машини и рачни алати;

 

Се добиваат следниве услови за работа:

-        Редовни месечни примања

-        Работа во прва смена

-        Организирана исхрана

-     Исплата на прекувремени часови согласно плановите за работа

-        Исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување

-        Награди за квалитетно извршување на работните задачи

-        Можност за вработување на неопределено време

-        Можност за обука и стекнување нови знаења

-        Можност за осигурување 24h од незгода (последици од несреќен случај)

-        Климатизиран објект, ладење, греење и филтриран воздух

-        Природно осветлување и пријатна работна средина

 

 

Бидете дел од успешен тим и испратете ја вашата биографија на: vrabotuvanje@ozon.com.mk или јавете се на телефон: 02 3091212 и закажете го вашиот разговор.