(Неактивен) - 4 СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ(МЕДИЦИНСКИ ПРЕДСТАВНИЦИ)
- Фармација
- Македонија
- ВИТА-БИМ ДОО
- 28-05-2022
Детали за огласот
4 МЕДИЦИНСКИ СОРАБОТНИЦИ / ПРЕТСТАВНИЦИ
Компанијата VITA - BiM ДОО Скопје,нов и директен застапник за реномираната компанија VITABIOTICS, Лондон, Велика Британија, сака дополнително да го зајакне и имунизира својот тим со следните работни позиции:
-Стручен медицински соработник (м/ж) за Скопје
-Стручен медицински соработник (м/ж) за Централно-јужна Македонија
-Стручен медицински соработник (м/ж) за Југо-источна Македонија
-Стручен медицински соработник (м/ж) за Северо-источна Македонија
Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики и иновации во сите области на работата.
Одговорности:
• Спроведување на предвидените маркетинг активности
• Промоција и презентација на производи
• Посета на лекари и фармацевти во зададениот регион
• Постојан професионален развој и стручно унапредување
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома VII степен (фармација, стоматологија, ветерина, биологија, био-хемија, нутриционизам)
- Одлични организациски способности и вештини на планирање
- Одлични комуникациски вештини
- Валидна возачка дозвола (Б-категорија)
Профил на идеалниот кандидат:
- Место на живеење: според горенаведените региони
- Подготвен за патување, тимски играч,ориентиран кон резултати и со големи очекувања
- Работно искуство (на иста или слична позиција)ќе се смета за предност
Компанијата ќе ви овозможи:
- Можности за градење на кариерата во успешна мултинационална компанија која брзо расте
- Креативна работа со висококвалитетни производи
- Пријатна и интересна работна средина
- Конкурентен паричен надоместок
- Обезбедено ново службено возило
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и потребно е да испратите резиме на македонски или на англиски јазик (кратка биографија) со фотографија, како и уверение за завршено соодветно образование, најдоцна до 30.05.2022 година на е-маил: vitabim.mak@gmail.com
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.