Детали за огласот

  • Озон дооелСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.ozonair.info
  • Код на огласотTHFIIGK

(Неактивен) - МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ИЛИ ИНЖЕНЕР - СО И БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО

Детали за огласот

Oгласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ИЛИ МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – СО И БЕЗ РАБОТНО ИСКУСТВО

Озон има потреба од машински инженер или техничар, кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе се стекне со можност за обука и вработување за изработка на техничка документација за производство.

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

-               Студент или Завршен Машински Факултет - ќе се смета за предност

-               Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност

-               Познавање програми за 2Д и 3Д цртање

-               Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други

-               Солидно познавање англиски јазик

-               Да поседува позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата

 

За следниве работни задачи

-               Водење планови за производство, изработка на листи, работа во “CAD/CAM” софтвер, пратење на производствен тек, извршување работни задачи од претпоставени

-               Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство

-               Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во краток временски рок

-               Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди

-               Организација и архивирање документација за тековната работа

-               Изработка на извештаи 

-               Примена и реализација на современи решенија и технологии

-               Контрола на квалитет

 

 

Се добиваат следниве услови за работа

-               Редовни примања, исплата на регрес за годишен одмор согласно условите за стекнување и награди за квалитетно извршување на работните задачи

-               Вработување на неопределено време за избраните квалитетни кандидати

-               Можност за обука и стекнување нови знаења

-               Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања

-               Пријатна работна атмосфера со одличен тим инженери и работници

-               Организирана исхрана

 

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk

Телефон за контакт +389 78 262 821 Башоска Емилија