Детали за огласот

  • Друштво за трговија и услуги КОДВЕЛ АНЛИМИТЕД ДОО СкопјеСкопје
  • Плата /
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttps://codewellgroup.com
  • Код на огласотTHFHNOJ
  • Квалификации

(Неактивен) - CONTENT WRITER ЗА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

Детали за огласот

CodeWell е IT компанија која работи во полето на вештачката интелигенција, со фокус на дигитални асистенти, и обезбедува високотехнолошки и иновативни продукти за клиенти ширум светот, подобрувајќи ги нивните начини на работа и зголемуваќи ја вредноста што ја создаваат за современиот свет.

 

Главниот продукт на компанијата е CodeWell AI - напредна технолошка платформа која овозможува креирање на паметни дигитални асистенти. Асистентите направени со CodeWell AI можат да го зборуваат и разбираат било кој јазик со многу висока прецизност и можат да бидат истренирани како експерти во било кое поле. Овие дигитални асистенти можат да зборуваат повеќе јазици истовремено, како и повеќе дијалекти по даден јазик. CodeWell AI дигиталните асистенти овозможуваат рационализaција на процесите и автоматизација на комуникацијата со голем број на корисници.

 

CodeWell има отворена позиција и вработува Content Writer на Албански јазик, кој ќе ни се придружи во новите предизвици и проекти. 

 

Кандидатот треба да ги поседува следниве вештини:

-       Одлично познавање на Албански и Англиски јазик (пишан и говорен) вклучувајќи идиоми, сленгови и изрази.

-       Разбирање на граматички правила и како се конструираат јасни реченици

-       Способност за брза работа во динамично опкружување

-       Способност за работа на повеќе проекти истовремено

-       Одлични комуникациски вештини

 

Ако ги имате способностите наведени во огласот би ни било драго да поразговараме со вас. Позицијата подразбира ангажман со полно работно време од 09:00 до 17:00 часот од понеделник до петок од канцелариите на CodeWell во Скопје.

 

 

Вашето CV испратете го на contact@codewellgroup.com