(Неактивен) - АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
- Инженерство
- Скопје
- ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес
- 21-01-2022
Детали за огласот
Друштвото за проектирање, надзор и инжинеринг ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес е компанија лоцирана во Македонија, чија примарна дејност е проектирање и стручен надзор над изведба на патишта. Поради зголемен обем на работа Друштвото за проектирање, надзор и инжинеринг ИНСТИТУТ ЗА ПАТИШТА ДООЕЛ Велес има потреба од вработување на:
Оглас за работна позиција: Административен асистент
Идеалниот кандидат би бил високо мотивирана и одговорна личност, ориентирана кон детали и запазување на рокови, и добар тимски играч во тим на млади професионалци.
Опис на работнo место:
Поради потреба од административна помош во спроведувањето на тековните и идните проекти, во потрага сме по одговорна личност, ориентирана кон детали, личност која почитува зададени рокови, добар тимски играч и со одлично познавање на Aнглиски јазик (пишан и говорен)
Минимум потребни квалификации:
· Образование: Минимум ССС или ВСС во областа на економија, право, градежништво или сродни технички науки;
Работно искуство: Претходно искуство на слична работна позиција и искуство со работа на проекти финансирани од странски фондови во земјата и познавање на процесот на аплицирање за ваков тип на проекти, ќе се смета за предност; Претходно искуство со FIDIC договори ќе се смета за голема предност; Вештини за управување со проекти, вклучително и спроведување на комплексни проекти во областа на градежништвото; Одлично познавање на Англиски јазик (пишан и говорен) и српски/хрватски јазик; Одлично познавање на Excel и MS Office алатки; Возачка дозвола „Б“ категорија;
Опис на работни задачи:
Вашата улога како Административен асистент на проект би била да помогнете во проценка, имплементација, координација, следење и спроведување на дневни активности за тековните проекти. Закажување состаноци, нарачување канцелариски материјали и слични административни канцелариски активности се исто така дел од овој опис на работно место. На дневна основа потребна е подготовка на документи, електронско архивирање и праќање и прием на пратки; Следење на финансиските параметри на договорот и подготвување налози за фактурирање и исплати; Други работи од значење на проектите кои се во тек;
Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:
По електронска пошта на е-маил адресата: info@institut.mk По пошта на адреса: ул. Даме Груев бр. 18, Скопје најдоцна до 31.01.2022 година.Работното време започнува од 08:30 часот до 16:30 часот.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.
Останати огласи од ист регион
-
САЛАТЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- Градски Кеј ДООЕЛ - Скопје
- 03-03-2026
- 0 НОВ ПРЕМИУМ
-
ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 18-03-2026
- 0 ПРЕМИУМ
-
AДМИНИСТРАТИВНО - ФИНАНСИСКИ АСИСТЕНТ
- Угостителство
- Скопје
- БИСИ- ДООЕЛ
- 19-02-2026
- 3 ПРЕМИУМ
-
РЕЦЕПЦИОНЕР/КА
- Хотелиерство
- Скопје
- ХОТЕЛ АЛЕКСАНДАР ПАЛАС Скопје
- 28-02-2026
- 0 ПРЕМИУМ
-
ПОМОШНИК ГОТВАЧ
- Хотелиерство
- Скопје
- ХОТЕЛ АЛЕКСАНДАР ПАЛАС Скопје
- 28-02-2026
- 2 ПРЕМИУМ
-
ГОТВАЧ, ПОМОШНИК ГОТВАЧ
- Угостителство
- Скопје
- Franz Bar
- 21-02-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН


