Детали за огласот

  • Приватна детска градинкаСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб страна
  • Код на огласотTGOKJIM
  • Квалификации

(Неактивен) - ВОСПИТУВАЧ ВО ПРИВАТНА ДЕТСКА ГРАДИНКА

Детали за огласот

Приватна детска градинка која е во процес на подготовка за започнување со работа објавува оглас за вработување на Воспитувач.

За таа цел имаме потреба од мотивиран и креативен член на тимот кој ќе биде одговорен за подготовка и спроведување на програмата за воспитание и едукација на деца на предучилишна возраст.

Потребни квалификации:

Дипломиран професор по предучилишно воспитание, дипломиран воспитувач на деца од предучилишна возраст или дипломиран педагог за предучилишно воспитание - со стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршено високо образование VII/1 степен или со завршено соодветно вишо образование за воспитувач;

Пожелно е да поседува важечка лиценца за воспитувач;

Минимум 1 година работно искуство во формално или неформално воспитание на деца на предучилишна возраст;

Одлично познавање на англиски јазик;

Познавање на работа со MS Office (Word, Excel, Power Point), интернет алатки Google Drive, Outlook и сл.;

Вештини и способности:

Способност за планирање, организирање и извршување на задачи;

Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини;

Професионален и позитивен однос;

Што нудиме:

Позитивна и динамична работна средина каде проактивноста е секојдневие;

Професионален развој, учество на обуки и семинари;

Компетитивен надоместок во зависност од искуството на кандидатот;

Дополнителни информации поврзани со работниот ангажман:

Лицето се очекува да започне со работа од март, 2021 Работно време на оваа позиција е 8 часа, со работно време од 07:00 до 15:00 часот, од понеделник до петок Локацијата на извршување на работниот ангажман е населба Козле, Скопје

Испратете го Вашето CV на office@littleprince.mk со наслов Апликација за воспитувач.

Краен рок за аплицирање: 12.02.2021 

Селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на интервју.