Детали за огласот

(Неактивен) - АСИСТЕНТ ЗА РАЗВОЈ НА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ

Детали за огласот

О  Г  Л  А  С

за работна позиција

 

Работно место:  Асистент за развој на социјално претпријатие

 

- Идентификување на потенцијални компании - физички лица кои би сакале своите производи да ги пласираат преку воспоставеното социјално претпријатие.

- Подготовка на план и материјали за промовирање на концептот на социјалното претпријатие пред идентификуваните компании - физички лица, и спроведување на средби со истите.

- Развивање и спроведување на истражување на пазар.

- Комуникација со надворешна ИТ компанија

 

Работното место е на определено време во траење од 12 месеци врз основа на хонорар, со можност за продолжување.

Огласот трае 7 (седум) дена.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија, писмо за мотивација и Уверение за завршени студии или копија од индекс до Здружението за еманципација, солидарност  и еднаквост на жените (ЕСЕ) Скопје на e-mail адреса: esem@esem.org.mk со назнака "Оглас за работно место асистент за развој на социјално претпријатие".

Само оние кандидати кои ќе ја поминат првичната селекција ќе бидат повикани на тестирање и интервју. Нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Ве молиме во апликацијата да ги вклучите Вашите контакти, односно телефонски број и e-mail адреса.

Во апликацијата Ве молиме да ги вклучите Вашите контакти, односно телефонски број и e-mail