Детали за огласот

(Неактивен) - ПРОДАВАЧ НА ГРАФИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ

Детали за огласот

ПРОДАЖЕН АГЕНТ ЗА ГРАФИЧКИ МАТЕРИЈАЛИ 

Компанијата СТ Граф за својата отворена работна позиција има потреба од кандидати кои ќе одговорат на работните задачи и одговорности:

- Продажба на големо и мало на графички материјали (машини и опрема за печатење, бои, самолепливи фолии, помошни материјали за дигитален и сито печат...)

- Опслужување на постоечки клиенти преку примање и организирање нарачки, спремање на робата и испорака преку наш доставувач или курирска служба

- Издавање на фискални сметки, испратници, фактури преку наш софтвер

- Следење на продажбата и предлагање идеи за унапредување на соработката со клиентите и бизнисот според новите трендови во графичката индустрија

- Одговорен е за исполнување на целите за продажба, наплата, нови клиенти… (Според договорен KPI модел)

- Допринос за унапредување на компанијата и пораст на прометот согласно годишните планови

За оваа работна позиција предвидена е основна нето плата од 20.000 ден и месечен бонус од 8.000 ден за остварени таргети. Дополнително, секој месец ќе биде исплатен и надоместок за работен стаж, како и редовна исплата на К-15 секоја година. Предвиден е и компаниски бонус на 5 години од работењето во компанијата.

Во поддршка на остварување на горенаведените работни задачи и одговорности, обезбедени се обуки во рамки на компанијата, како и посета на саеми и настани организирани во и надвор од државата.

Аплицирање на маил dusan@stgraf.mk