Детали за огласот

  • Медицал АдванцеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефоннема информација
  • Контакт емаилinfo@medicaladvance.mk
  • Веб странаwww.medicaladvance.mk
  • Код на огласотTHGIJGO

AДМИНИСТРАТОР ВО ФИНАНСИИ

Детали за огласот

Кои сме ние:

Медицал Адванце е компанија која е специјализирана за проекти, консултантски услуги, реализација (клуч на рака), инсталација, сервис, одржување и услуги, пред и по набавка и продажба на медицинска опрема и медицински материјали.

 

Лидер во својата област, тимот на Медицал Адванце советува при изработка на студија и набавка на опрема и медицински потрошен материјал. Компанијата придонесува за модернизација на здравствените установи со експертиза на светски познати партнери.

 

Ние сме официјални застапници на CISA Италија која е лидер за системите за стерилизација и дезинфекција, и машини за медицински и индустриски намени. Во 2011 година дадовме поддршка во инсталирањето на 33 стерилизатори на територијата на Македонија во градовите: Скопје, Велес, Kуманово, Кавадарци, Teтово, Гостивар, Струмица, Koчани, Штип, Гевгелија, Oхрид, Струга и Битола, а веќе денес е повеќекратно зголемена нашата експанзија, со која се гордееме.

 

Една од главните предности на Медицал Адванце е врвната услуга по продажбата на производите, достапноста и сигурноста кои се главни вредности на нашите продажни услуги нудејќи ефикасна интервенција од страна на високо образуваниот кадар.

 

Сервисираме и одржуваме медицинска опрема и опрема за стерилизација за сите типови на стерилизатори, останати професионални медицински машини, пумпи, електромотори, професионални машини за чистење, перење, сушење итн.

 

Медицал Адванце има потреба од вработување за следната работна позиција:

 

АДМИНИСТРАТОР ВО ФИНАНСИИ

 

Опис на работни задачи:

·        Административна поддршка во финансиско работење

·        Внес и евиденција на фактури (влезни и излезни), архивирање на документација

·        Подготовка и проверка на финансиска документација

·        Комуникација со сметководство и други сектори

·        Архивирање и други задачи поврзани со финансиско-административно работење

Книжење на банкарски изводи Домашен и девизен трансфер Управување на парите за материјални трошоци и материјалната благајна Евиденција на патни налози Материјална евиденција на увози и контрола меѓу увозните фактури и фактички испорачаната роба, следење на залихи Подготовка на извештаи за побарувања и обврски на компанијата, следење на нивната состојба на дневно ниво Подготовка и месечно доставување на документи до сметководство Подготовка на договори за компанијата со купувачи и добавувачи Усогласување на салда Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција Изработка на излезни фактури, книжни одобренија, компензации, цесии, асигнасии и други документи согласно договорите со клиентите Поднесување на документи до институции/клиенти Останата административна поддршка Дневно извршување на задачите согласно претходен план со претпоставен со редовно известување за завршените работни задачи Исполнување на предвидените задачи во предвиден рок

Потребни квалификации:

 

Најмалку 2 години прогресивно искуство во администрација со поддршка во сектор за финансии и/или сметководствен сектор ВСС – Економски факултет или бизнис администрација / ССС -административна или економска насока Напредно ниво на владеење на MS Office и интернет алатки, основни вештини за работа со софтвери за управување со документи и податоци, познавање на модули за фактурирање. Работа со Pantheon ќе се смета за предност Писмени и усни комуникациски вештини на македонски јазик, познавање на англиски јазик е предност Аналитички вештини за решавање проблеми; Критичко размислување и активно учење; Способност за тимска работа, одредување приоритети и самоиницијативност Доверливост, дискретност и чувство за одговорност

Нудиме:

·        Договор за работен однос на определено време за период од 1 година, со можност за продолжување кон долгогодишно вработување

·        Работен однос со 40 часа неделно, со полно работно време од понеделник до петок од 08:30h до 16:30h

·        Постојана поддршка и помош од целиот тим на Работодавачот

·        Одлична работна атмосфера, со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа

·        Можност за напредок доколку кандидатот покаже желба, знаење и способност да се носи со своите работни обврски

·        Можност за учење и стекнување нови вештини

·        Редовна плата (износот зависи од образовните квалификации и работното искуство) и регрес за годишен одмор

·        Годишен одмор согласно ЗРО, со можност за зголемување зависно од стажот кој ќе го имате во компанијата.

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да ја испратат својата професионална биографија (CV) на следната е-пошта: info@medicaladvance.mk