
(Неактивен) - БЛАГАЈНИК
Детали за огласот
Прва Кабловска телевизија во Македонија
Кабел Нет е првата основана кабловска телевизија во Македонија - со приклучувањето на првиот корисник на 18 Јуни 1995 година.
Во 26 години постоење, фирмата еволуираше од 16 аналогни програми во 1995 година до над 100 дигитални Тв програми денес. Со напорната работа и со подршка на нашите корисници, воведовме и дополнителни услуги:
- Интернет - Фиксна телефонија.
Притоа, додека другите фирми имаа ограничен сообраќај на интернет, ние бевме прва фирма во Македонија со неограничен Интернет сообраќај.
Денес продолжуваме да работиме напорно за нашите корисници да ја добијат најдобрата можна услуга и напорно инвестираме во дигитализација на фирмата. Доколку сте заинтересирани да се вклучите на нашата мисија, приклучете се на нашиот тим.
Работните задачи
Улогата на Благајникот во нашата фирма е да помага на нашите корисници да извршат наплата за услугите кои ги користат.Корисниците имаат неколку начини како да го извршат плаќањето, а една од нив е лично во просториите на Кабел Нет, каде што нашиот Благајник им помага.
Притоа, Благајникот ќе треба да користи фискална сметка и пост терминал и секое плаќање да биде евидентирано уредно во системот.
Секоја интеракција со корисниците треба да биде високо професионална, со цел на корисниците да им се помогне без разлика на ситуацијата.
И доколку некои проблеми и незадоволства се пријават од корисниците, истите уредно да се споделат со остатокот од тимот за да се разрешат во најбрз можен рок.
Потребни вештини
- Солидна усна и писмена комуникација- Способност за смирена и прецизна работа под притисок - Претходно искуство со работа со фискална и пост терминал ќе биде предност
За аплицирање ве молиме испратете CV на atanas@enterpriseleague.com