Детали за огласот

  • DEKRA MACEDONIAСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://www.dekra.mk/
  • Код на огласотTGOJLGI

(Неактивен) - ИТ КООРДИНАТОР

Детали за огласот

Во име на нашиот клиент- ОКТА АД- Скопје, дел од Групацијата Хеленик Петролеум и најголем снабдувач на горива во земјата, кој нуди врвни иновативни и конкурентни енергетски производи и услуги, пионер во промовирање на одржлив развој и енергетска транзиција, ДЕКРА ја огласува позицијата:

ИТ КООРДИНАТОР

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Грижа за непрекинато и за континуирано функционирање на системот;решавање проблеми, интервенции; Комуникација со сите корисници, утврдување на нивните недостатоци и потреби во нивната секојдневна работа; Комуникација со надворешни соработници; Креирање на мрежна инфраструктура и корисници, контрола на пристапот на корисниците на податоци и управување со непотребна безбедна мрежа; Асистирање при креирање на ERP решенија и давање совети / контрола за одредени пристапи за корисниците; Имплементирање, тестирање на нова работна опрема, како и нови програми; Преглед, контрола и известување за сите телекомуникациски услуги и сервиси во компанијата; Имплементација на ИТ политики и развој на нови;Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси; Планирање на времето и категоризирање на приоритетите за извршување на задачите во тимот; Извршување други задачи во доменот на стручната квалификација.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

ВСС – Факултет за информатички науки (ФИНКИ, ФЕИТ или друг сличен факултет); Најмалку 5 години релевантно работно искуство на слични работни позиции; Работење со SQL бази на податоци; Познавање на програмирање во различни бази на податоци; Работење со ERP процеси; Конфигурирање на мрежна опрема CISCO или HP (switches, routers, FO…); Познавање на мрежни принтер апарати.

СЕРТИФИКАТИ

Поседување сертификат за работа со SQL бази на податоци ќе се смета за предност; Поседување сертификат за кон фигурирање на мрежна опрема CISCO или HP (switches,routers, FO…) ќе се смета за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

Работење со MS Office;Искуство во администрација на SAP ќе се смета за предност; Возачка дозвола, Б-категорија;Одлично познавање англискијазик;Одлични организациски и аналитички способности;Добри комуникациски вештини; Мобилност и флексибилност; Ориентираност кон тимска работа; Работа со кратки рокови; Посветеност, мотивираност, иницијативност, одговорност, доверливост.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот нуди можност за континуирано учење и професионално надоградување.

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е : 20/12/2020

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk