(Неактивен) - ПРОЕКТ МЕНАЏЕР (ПОВЕЌЕ ИЗВРШИТЕЛИ)
- Градежништво и Архитектура
- Скопје
- DEKRA MACEDONIA
- 24-08-2020
Детали за огласот
Опис на компанијата:
Друштвото за Градежништво БЕТОН – Акционерско Друштво – Скопје е градежна компанија основана во 1947 година. Современа, високо технолошки опремена градежна компанија, подготвена да се носи со сите предизвици на модерната архитектура и на современите градежни оперативни зафати. Во име на својот клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:
Проект Менаџер (Повеќе Извршители)Опис на работното место:
Организација на тековни работни активности на вработените техничари и изведувачите за превентивно и корективно одржување, градба на нови објекти; Посета на инфраструктурни објекти во разни фази на градба; Следење на техничката документација и објектите во градба, редовно пополнување на тековните податоци неопходни за следење на градбата, изработка на спецификации и сета потребна техничка документација во текот на реализација на проектот согласно важечките закони; Подготвување на техничко економски понуди, вклучително и истражување на пазарот на материјали, изведувачи; Подготвување на на набавки на потребен градежен материјал; Раководење на проект и тековни работни контакти со клиентите, надзорниот инженер, изведувачите и вработените за време на реализација на проектот; Комуникации и соработка со одговорни лица од институциите на државата; Изработка на предмер пресметки за тендерски постапки во областа на градежништво во нискоградба и високоградба; Во согласност со градежната и проектна документација врши соодветни пресметки и калкулации; Дефинира описи, количини и технички нормативи кои што ги проследува до изведувачите; Ги следи движењата на пазарот на градежни материјали и суровини; Комуницира со изведувачите и градежните компании за време на градежните фази од проектот; Работи во рамки на буџетот и зададените временски рамки.Потребни квалификации:
Завршено високо образование- Градежен Факултет; Минимум 5 годишно работно искуство во областа; Одлично познавање на намески софтвер поврзан со градежништво; Познавање на важечка законска регулатива за МК како и познавање на стандарди за проектирање; Поседување на овластување (лиценца А или Б) за изработка на проектна документација од областа на градежништво(проектирање) ќе се смета за голема предност.Професионални знаења и способности:
Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности; Динамичност, ефективност, флексибилност и адаптибилност; Посветеност, мотивираност, иницијативност; Решавање на проблеми.Останати информации:
Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа, од понеделник до петок, со работно време од 07:30-15:30 часот.
Местото на извршување на работата е во зависност од самите проекти, променливи локации.
Друштвото го задржува правото да не изврши избор доколку не се пријават соодветни кандидати.
Потребните документи-мотивационо писмо, професионална биографија, диплома за завршено образование, овластувања, потврди, препораки да се достават на мејлот: vrabotuvanje@beton.com.mk.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 24.08.2020.
Останати огласи од ист регион
-
РАБОТНИК ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
- Трговија
- Скопски
- Микеи Интернационал
- 16-04-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
ХАУСМАЈСТОР
- Трговија
- Скопски
- Микеи Интернационал
- 16-04-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
НОТАРСКИ СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
- Право
- Скопје
- notarska kancelarija
- 20-03-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
- Градежништво и Архит...
- Скопски
- АДА ПЕТРА ДООЕЛ
- 16-04-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО
- Ветерина
- Скопје
- Ветеринарство Македонија ДООЕЛ
- 17-03-2026
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
СОБАРКА
- Угостителство
- Скопје
- Hotel Macedonia Square
- 11-04-2026
- ПРЕМИУМ


