Детали за огласот

  • Акционерско друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеПо договор
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.euroins.com.mk
  • Код на огласотTHFFOJN
  • Квалификации

(Неактивен) - ПРОЕКТ АНАЛИТИЧАР

Детали за огласот

ПРОЕКТ АНАЛИТИЧАР

ОПИС НА РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:   Анализа на барања, собирање, опис и оптимизирање на барањата на корисниците на бизнис процесите, за имплементирање и промени на апликативните решенија;  Учество во креирање на технолошки процеси и процедури, со цел автоматизација на процесите и адекватни апликативни програмски решенија и нивно претставување пред надворешниот изведувач;   Организирање на тестирање, имплементација на промени и напредок на проектот, сето во насока на хармонизирање со регулативата;   Советување и поддршка на корисници на воведените програмски решенија;   Изработка на техничка и корисничка документација поврзана за работата на апликативните програмски решенија;   Учество во проектни и работни групи во врска со имплементација на проекти во Друштвото и на ниво на Групацијата ЕВРОИНС;   Следење на развојот на подрачјето на работа и постојано стручно надградување.

НУДИМЕ:  Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;   Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;   Соработка на проекти во меѓународна околина;   Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето во земјата и странство;  Работно место во седиштето на Друштвото, во Скопје.

ПОТРЕБНИ КОМПЕТЕНЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:  Напредно познавање на Т-SQL и администрација SQL Server;  Искуство на имплементација и водење на проекти;  Комуникациски способности, тимска работа;  Самоиницијативност, проактивност, посветеност, прецизност, одговорност;  Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите;  Високо образование од информатичка или друга соодветна насока;  Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;  Познавање на деловни процеси во друштва за осигурување ќе се смета за предност.

Вашата биографија и останати документи, испратете ги на на e-mail адресата: hr@euroins.com.mkСамо кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.