Детали за огласот

(Неактивен) - ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР

Детали за огласот

Триглав Пензиско Друштво АД, Скопје објавува оглас за вработување на Внатрешен ревизор во Служба за внатрешна ревизија

Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од Службата на Внатрешна ревизија, која во соработка со Управниот одбор и Надзорниот одбор на Друштвото обезбедува постоење на, и усогласеност со, системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

Независно и објективно извршување работи и задачи на внатрешно ревидирање на Друштвото и други работи од делокругот на Службата;

Испитување на усогласеноста на работењето на Друштвото со законските прописи, другите прописи како и со деловната политика и внатрешните акти на Друштвото;

Оценување на адекватноста и ефективноста на воспоставениот систем на интерна контрола, правила, процедури за работа, постапки и во испитување на функционирање на систем на интерни контроли во Друштвото;

Подготовка на годишната програма за работа на Службата, периодични извештаи и годишен извештај за работа на внатрешната ревизија;

Подготвување поединечни извештаи за спроведените ревизии, давање препораки и проверување на остварувањето на препораките за подобрување на состојбата, отстранување на незаконитости и неправилности откриени при спроведување на внатрешна ревизија.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Универзитетска диплома во релевантна област (сметководство и ревизија, финансии или еквивалентна област);

2 години релевантно работно искуство во областа на внатрешна/надворешна ревизија; Професионална квалификација ќе се смета како предност (овластен ревизор, CIA, ACCA);

Пожелно, но незадолжително познавање на регулативата од областа на задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување;

Одлични комуникациски и организациски способности, како и способност за независна и самостојна работа;

Способност за критичко и аналитичко мислење, антиципативно расудување и одлучување, како и усно и писмено известување;

Стручно користење на MS Office;

Пожелно познавање на српско-хрватски јазик (вербално и писмено).

НУДИМЕ

Интересна и динамична работа;

Можност за личен и стручен развој; Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;

Соработка на проекти во меѓународна околина;

Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето;

Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV на македонски јазик на info@triglavpenzisko.mk Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 31 март 2021. Единствено квалификуваните кандидати во потесен избор ќе бидат понатаму контактирани