Детали за огласот

  • AГЕНЦИЈА РЕЈТИНГ СП-МСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеХонорарно
  • Број на работни места10
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.rating.mk
  • Код на огласотTGOLIOK

(Неактивен) - АНКЕТАРИ

Детали за огласот

 

ОГЛАС ЗА АНКЕТАРИ

 

Агенцијата за истражување на пазарот и јавното мислење Рејтинг има потреба од анкетари кои би биле хонорарно ангажирани за спроведување на теренски  анкети на територија на град Скопје и околината.

Теренските истражувања вклучуваат анкетирање на граѓани, лице во лице, во нивните домови.

Работата е погодна за личности кои сакаат да се во движење,  динамични и со одлични комуникациски вештини.

Претходно искуство со спроведување интервјуа или друг вид теренска работа со анкети е добредојдено, но не е задолжително. Селектираните кандидати ќе добијат обука од страна на агенцијата.

Кандидатите треба да имаат сериозен и одговорен пристап кон работата и да се стремат да ги запазат зададените рокови и упатства.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови:

Ø  Да живеат на територија на град Скопје

Ø  Завршено средно или високо образование

Ø  Основно познавање на (MS Windows XP,MS Word,Internet,MS Excel)

Ø  Добри комуникациски вештини

Ø  Флексибилно работно време

 

Потребни документи за аплицирање: CV (работна биографија)

Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: jobs@rating.mk