Детали за огласот

  • Тетрактис Кристијан ДООЕЛСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места2
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.tetraktis.com.mk
  • Код на огласотTGOJKGH
  • Квалификации

(Неактивен) - АРХИТЕКТ

Детали за огласот

Друштвото за архитектура, урбанизам и инженеринг ТЕТРАКТИС Кристијан ДООЕЛ од Скопје објавува оглас за вработување за позиција – АРХИТЕКТ

 

Потребни квалификации:

 

ВСС - архитектонски факултет

Работно искуство од областа на проектирање ќе се смета за предност 

Одлично познавање на англиски јазик

Напредно познавање на работа со компјутери, задолжително познавање на ACad програм, работа во Microsoft Word, Excel и Power Point

Возачка Дозвола – Б категорија

 

Потребни вештини, познавања и карактеристики:

 

Познавања од областа на архитектура и проектирање, значителни познавања во проектирање на детали

Искуство и познавање во проектирање на градби и објекти од различни типови и категории ќе се смета за предност (административно-деловни објекти, индустриски објекти, колективно-станбени и индивидуално-семејни објекти)

Познавање и искуство во проектирање, контрола и синхронизација со други фази на проектирање ќе се смета за предност (електрични инсталации, термотехника, водовод и канализација, патишта и сообраќај, ППЗ и БЗР)

Познавања и следење на светските трендови во архитектурата и оперативни контакти

Деловна коресподенција и ефективни комуникациски вештини, докажани вештини за работа во тим

Способност да се координираат повеќе проекти истовремено

Иницијативност, доверливост, способност за аналитичка работа, способност за решавање на конфликти, способност за работа под притисок

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) на е-маил адресата info@tetraktis.com.mk најдоцна до 10.12.2020 година.

 

Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на интервју.