Детали за огласот

(Неактивен) - ФИЗИОТЕРАПЕВТКА / МАСЕРКА / КОЗМЕТИЧАРКА

Детали за огласот

ФИЗИОТЕРАПЕВТКА / МАСЕРКА / КОЗМЕТИЧАРКА

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ?

Во КАРПИНО Вие ќе ја продолжите Вашата кариера на физиотерапевтка, масерка, козметичарка и ќе станете дел од тим и компанија која поставува нови стандарди во областа на услугите за нега, релаксација, здравје и убавина во Македонија и пошироко.

Вие ќе бидете одговорни за контакт со клиенти и вршење на услуги на масажа, физиотерапија, козметика, нега на телото и лицето. Kако дел од Вашата успешна кариера, Вие исто така ќе придонесете во иновации и развојот на компанијата преку дизајн и имплементација на нови услуги по најновите светски трендови. За оние со поголеми аспирации и искуство нудиме можности за менаџерска позиција или развој во истата преку кариерен развој.

ШТО БАРАМЕ ВО НАШИТЕ ИДНИ КОЛЕГИ?

- Ентузијазам да се стане дел од млад, посветен и високо ефективен тим на физиотерапевти / масери / козметичари

- Повеќегодишно искуство во областа на услугите на масажа, физиотерапија, нега на телото, лицето и козметички услуги

- Високо образование во областа на физиотерапија

- Одлично познавање на англискиот јазик

- Основно познавање на работа со компјутери (емаил, офис)

- Познавање на работа со фискални уреди

- Познавање на работа со социјални мрежи

- Одлични комуникативни способности, смиреност и беспрекорност во работата со клиенти

- Позитивен дух, посветеност на работата и способност за работа во тим

ШТО ВИ НУДИМЕ?

Денес имате уникатна можност да станете дел од македонско водечко студио за масажа, физиотерапевтски и козметички услуги, и пред се, да напредувате во Вашата кариера. Нашиот тим е пријателски и посветен на професионалноста на работата каде особено внимание се придава на иновативноста во услугите. Тоа е средина каде работата на секој вработен високо се вреднува и каде Вашето мислење секогаш ќе биде земено во предвид. Нашето студио е лоцирано во срцето на Скопје, дизајнирано од врвни македонски архитекти и дизајнери и се подготвува за старт веднаш со посветени професионалци како вас. Станете дел од успешната приказна на КАРПИНО и Вашиот нов развој во кариерата. Заинтересирани?

ДА СТАПИМЕ ВО КОНТАКТ!

Доколку оваа позиција ви звучи интересно и ги поседувате неопходните квалификации, би ни било драго да стапиме во контакт и да ви ја презентираме оваа единствена можност за кариерен напредок. Ве молиме пратете го Вашето резиме, заедно со опис на Вашата заинтересираност за позицијата на нашата емаил адреса admin[at]karpino.mk.