Детали за огласот

  • Озон дооелСкопје
  • Плата 20.000-40.000
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.ozonair.info
  • Код на огласотTGOILKN

(Неактивен) - МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

Детали за огласот

 

Огласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР –  ИНДУСТРИСКО ИНЖЕНЕРСТВО И МЕНАЏМЕНТ

 

Озон има потреба од машински инженер од насока индустриско инженерство и менаџмент, кој ќе му се придружи на нашиот инженерски тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за оптимизација, организација, продуктивност и менаџмент на производството на машини и производи за вентилација, климатизација и други производи.

 

 

 

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:

 

Машински Факултет –насока индустриско инженерство и менаџмент

Со или без работно искуство, предност ќе имаат кандидати со работно искуство кои работеле во организација и оптимизација на производство

Познавање и активна работа на програми за 3Д цртање – “Autocad Inventor” или “Solidworks”

Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други

Познавање англиски јазик

Да поседува вештини за организација на производни процеси, логистика,  набавка, управување со рокови, предвидување на работи и процеси, одговорност кон работата,  позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и лојалност

 

За следниве работни задачи

 

Продуктивност, оптимизација, организација и управување производствен процес, доработка и измена на технички цртежи и документација за производство во “Autocad Inventor”, работа со “CAD/CAM” софтвер, следење на производствен тек, комуникација за обезбедување навремена набавка и испорака на делови и производи.

Работа врз основа на дневни, месечни и годишни планови за производство

Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во зададен временски рок, посветеност на детали

 

Комплетирање производна документација согласно барани прописи и технички стандарди

Организација и архивирање документација за тековната работа

Примена и реализација на современи решенија и технологии за управување со производство и процеси

 

Се добиваат следниве услови за работа

Редовни солидни примања

Работа во климатизирани простории

Можност за обука и стекнување нови знаења

Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања

Награди за квалитетно извршување на работните задачи

Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување

Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

Посета на саеми и настани за обука

 

 

 

Доколку ги исполнувате бараните услови Ве повикуваме да ги испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk