СЕРВИСЕР ЗА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА
- Машинство
- Скопје
- Би-МЕК ДОО
- 05-11-2026
Детали за огласот
СЕРВИСЕР ЗА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА
Придружете се на сервисниот тим на БИ-МЕК и станете дел од компанија посветена на обезбедување напредни медицински технологии за здравствените установи во Македонија. Оваа позиција нуди континуирано професионално усовршување, практична работа со современи медицински технологии и можност за стекнување специјализирани знаења и сертификати од водечки светски производители.
Потребни квалификации:
· Инженер од техничките науки (ВСС: Машински / Електроинженер)
· Електро-техничар (CCC во областа на електротехника)
Работно искуство во инсталирање, одржување и сервисирање на апарати во иста или слична област ќе се смета за предност
Обврски и одговорности:
· Инсталација, монтажа и техничка обука за нова медицинска опрема според упатствата на производителите
· Редовна коресподенција со добавувачи и клиенти за сервис на опремата
· Технички прием на роба при сервис, комплетна евиденција, сервисирање на апаратите инсталирани од страна на компанијата
· Навремено решавање на сервисни барања на клиентите во соработка со сервисниот тим
· Следење на иновации во рамките на проблематиката поврзана со сервисирањето
· Следење на обуки и вебинари од производителите на опремата
· Да ги следи воспоставените стандардни оперативни процедури и добри практики во компанијата
Потребни вештини и способности:
· Одлични комуникациски способности
· Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
· Самоиницијативност и амбициозност за усовршување на знаење и вештини
· Флексибилност и способност за тимско работење
· Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
· Активно познавање на англиски јазик
· Одлично познавање на MS Office
· Возачка дозвола Б категорија
· Способност за работа на терен
Ние нудиме:
Нашата работна атмосфера е стимулирачка, иновативна и фокусирана на клиентите. Ние им нудиме на вработените најсовремени алатки и технологии, континуирана обука и можност за напредување, работа во амбициозен и професионален тим со мoжност за посетување на обуки и стекнување на сертификати.
Ве поттикнуваме да ја започнете или продолжите својата кариера во динамичен и високопрофесионален тим со нови знаења за напредни медицински технологии и Ве повикуваме да ја испратите својата биографија со фотографија е-маил адреса: medical@bimek.com.mk со назнака СЕРВИСЕР ЗА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА најдоцна до 25.10.2026г.
*Во процесот на избор на кандидат за работното место ќе бидат исконтактирани единствено лицата кои ги исполнуваат условите од овој оглас.Сите пристигнати пријави ќе се сметаат за строго доверливи.
Останати огласи од ист регион
-
ШАНКЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- Градски Кеј ДООЕЛ - Скопје
- 16-10-2026
- 4 ПРЕМИУМ
-
СОБАРКА
- Угостителство
- Скопје
- Hotel Macedonia Square
- 29-10-2026
- ПРЕМИУМ
-
ГОТВАЧ/КА
- Угостителство
- Скопје
- Градски Кеј ДООЕЛ - Скопје
- 29-10-2026
- 3 ПРЕМИУМ
-
ДОСТАВУВАЧ НА РОБА - ВОЗАЧ
- Градежништво и Архит...
- Скопје
- Интебако ДОО Скопје
- 20-10-2026
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
САЛАТЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- ИГ- Груп ДООЕЛ
- 06-11-2026
- 0 ПРЕМИУМ
-
КЕЛНЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- Градски Кеј ДООЕЛ - Скопје
- 16-10-2026
- 2 ПРЕМИУМ


