Детали за огласот
Потребни квалификации и услови:
Завршено средно стручно образование од машинска, металопреработувачка или сродна област.
Познавање на браварски и заварувачки постапки и техники.
Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност.
Способност за читање и разбирање технички цртежи и работна документација.
Прецизност, одговорност и посветеност на работата.
Способност за самостојна работа и работа во тим.
Подготвеност за работа во производствен погон или терен и почитување на правилата за безбедност и здравје при работа.
Поседување соодветна обука или сертификат за заварување ќе се смета за предност.
Работни задачи и одговорности:
Изработка, обработка, монтажа и поправка на метални конструкции и метални елементи.
Сечење, брусење, дупчење, мерење и подготовка на метални материјали за обработка.
Изведување заварувачки работи со соодветни методи и техничките спецификации.
Читање и следење технички цртежи, мерки и работна документација.
Одржување на работниот простор, алатите и опремата.
Правилно користење на машините, алатите и заштитната опрема.
Почитување на прописите за безбедност и здравје при работа.