
(Неактивен) - СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
- Фармација
- Скопје
- БОРОЛА ДОО - Битола
- 06-10-2021
Детали за огласот
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА СКОПСКИ РЕГИОН
Историјата на БОРОЛА започнува во 1996 година, кога двајца лекари со претприемнички дух се зафаќаат со задача да ја претворат во една од водечките компании во областа на здравството. Уште од основањето на компанијата, се стреми кон подобрување на квалитетот на живот на своите корисници преку:
-Современи здравствени услуги
-Висококвалитетни природни, козметички и други производи за здравјето
-Целосна здравствена информација
Борола Доо Битола е овластено репрезентативно преставништво за компанијата Борола – Бугарија.
Нашата основна мисија е да обезбеди сеопфатна грижа за здравјето на луѓето преку иновативен и поинаков начин на размислување.
Високата професионалност на сите вработени на Борола, во комбинација со бескомпромисниот квалитет на произведените производи е во основата на нашиот успех.
Борола ДОО Битола има потреба од стручен соработник за работа на терен, со посета на доктори и аптеки за Скопски регион.
Одговорности:
-Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи
-Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
-Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија
-Редовни извештаи
-Учество и организирање на стручни собири
-Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
Потребни квалификации:
-ВСС: доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација
-Одлично познавање на англиски јазик
-Одлично познавање на работа со компјутери
-Возачка дозвола Б категорија со најмалку двегодишно искуство
-Способност за тимска работа
-Одлични комуникациски и организациски способности
-Одлучност и самоиницијативност
-Подготвеност за работа на терен и отсуство од местото на живеење
Ние нудиме / Вие добивате
-Работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите продажни вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од успешна компнија која е фокусирана на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.
-Компетитивен пакет на услови, примања и професионален напредок.
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратетe го вашето CV на e-mail: lj.trajkovska@borola.eu Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор. Пријавените кандидати ќе се селектираат по пат на интервју и тестирање.
Останати огласи од ист регион
-
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО- ВАРЕЊЕ ЛОКУМ
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 31-08-2025
- 1 БЕСПЛАТЕН
-
НЕГУВАТЕЛКА НА СТАРИ ЛИЦА
- Нега и згрижување
- Скопје
- ПУСЗ НАНА Скопје
- 24-08-2025
- 0 БЕСПЛАТЕН
-
САЛАТЕР/КА
- Угостителство
- Скопје
- ИГ- Груп ДООЕЛ
- 25-08-2025
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
ПРОДАВАЧКА
- Прехранбена
- Скопје
- АД ЕВРОПА СКОПЈЕ
- 22-08-2025
- 0 ПРЕМИУМ
-
СЕКРЕТАРКА ВО АДМИНИСТРАЦИЈА
- Печатарска
- Скопје
- DECO LTD
- 26-08-2025
- 0 НОВ БЕСПЛАТЕН
-
ГОТВАЧ/КА
- Угостителство
- Скопје
- Beer Garden DOO
- 29-08-2025
- 0 ПРЕМИУМ