Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 0 НОВИ ОГЛАСИ
  • 38 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 4869 КОМПАНИИ
  • 44199 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 209218 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 27-08-2022

Како да напишете идеален оглас за работа кој ќе ги привлече најдобрите кандидати?

Вашата компанија има потреба од нови вработени и потребно е да објавите оглас кој ќе ги привлече најдобрите кандидати за вас. Веќе ви е познато дека огласот е првата слика која кандидатот ја добива за вашата компанија, а тоа значи дека истиот треба да ја претстави компанијата и она што нуди во најдобро светло. 

При пишувањето на огласот за работа мора да се запомни дека оглас за работа не е исто што и опис на работно место. Огласот за работа треба да биде структуриран да привлече нови кандидати, најдобрите за бараната позиција. Oписот на работното место, пак, е за внатрешна употреба каде сите обврски и очекувања од работното место и кандидатот се детално објаснети. 

Како да креирате добар оглас за работа?

За да подготвите еден идеален оглас за работа потребно е да имате јасна слика за задачите и обврските кои ги носи работната позиција. Оттука произлегува и прашањето “Што треба идеалниот кандидат да поседува за добро да ја работи работата?“ Поставете си ги следниве прашања:

  • Кои вештини се потребни? 
  • Кои лични карактеристики на кандидатот би биле корисни за позицијата?
  • Дали претходно работно искуство би било неопходно?
  • Дали позицијата одговара за почетник или е пожелно некакво искуство?

По одредувањето на карактеристиките потребно е да се подредат и по важност. Иако најчесто нема да се најдат сите карактеристики кај еден кандидат, рангирањето овозможува да се одреди кои карактеристики се најпотребни за позицијата. 

Како да структурирате оглас за работа? 

Традиционалниот формат за оглас за работа е следниот:

  • Наслов на работната позиција
  • Плата
  • Локација
  • Запознавање со дејноста на вашата компанија
  • Работна позиција и обврски
  • Клучни карактеристики на кандидатот - потребни вештини и квалификации

Иако нема правило кое налага вака да се структурира еден оглас, сепак ова е корисен начин кандидатот да ги види сите компоненти на работната позиција на едно место.

1. Наслов на работната позиција

Внимавајте насловот да биде јасен, прецизен и во согласност со она што го бара самата работна позиција. Исто така, добро е да вклучите зборови кои ќе се појавуваат веднаш кога кандидатот ќе пребарува работни позиции. 

2. Плата

Многу експерти за човечки ресурси сметаат дека во секој оглас за работа би требало да е наведен износот на платата. Според нив, ова е важно од неколку причини:

  • Заштедува време на непотребно преговарање со кандидатот за неговите очекувања за платата и дали тоа се вклопува во вашиот буџет;
  • Од гледна точка на кандидатот, вклучување на износот на платата нуди јасна слика за компанијата. На тој начин може да се избегне нетранспарентниот процес на апликација кој многу често е фрустрирачки за кандидатот.

3. Локација

Наведете ја локацијата на работното место - град и адреса. Исто така наведете ако позицијата може да извршува со работа од далечина, или со т.н. хибриден модел на работа - комбинација од работа од канцеларија и од далечина. Оваа информација ќе ви помогне при елиминацијата на кандидатите коишто не би прифатиле работа од далечина, бидејќи тие не би ни аплицирале за работната позиција со такви услови.

4. Запознавање со дејноста на вашата компанија

Што е она што би било примамливо за потенцијалните кандидати да работат работи за вас? Што би било добра прилика за нив? Зошто идеалниот кандидат би требало да аплицира на вашиот оглас кога има многу други огласи од други компании? 

Секоја компанија е уникатна сама по себе, па би било добро да напишете неколку атрактивни информации за компанијата и нејзината дејност кои ќе остават одличен впечаток кај кандидатите. Со тоа, сите кандидати што ќе го погледнат огласот ќе дознаат повеќе за вашата компанија, што би значело и добра реклама за неа. 

5. Улога и обврски 

Овој дел е најважен во секој оглас за работа, па треба да се неведат најмногу информации. На пример, позицијата “Раководител на маркетинг“ не објаснува што точно таа вклучува и што кандидатот ќе работи од 9 до 17ч од понеделник до петок. Исто така, обврските за истата работна позиција во една компанија може да се различни од оние во друга компанија. 

Пред да аплицира, секој кандидат очекува да биде информиран за идните работни обврски и задачи, но и какви се можностите за неговиот професионален и личен во таа компанија. Затоа, конкретните обврски и задачи треба да бидат јасно и прецизно претставени.

6. Клучни карактеристики на кандидатот

Во овој дел се наведуваат сите потребни квалификации и вештини кои идеалниот кандидат треба да ги поседува за позицијата. Секој кандидат кој ќе одлучи да аплицира на вашиот оглас очекува да биде повикан на интервју, затоа е многу важно да бидете јасни и прецизни кои квалификации и вештини се потребни кандидатот да ги поседува - степенот на образование, дали е потребно претходно искуство, кои лични карактеристики се важни за позицијата. 

Важен дел од огласот е и да се наведе датум до кој истиот ќе биде активен за кандидатот да знае до кога може да ја поднесе својата апликација. Исто така, треба да се наведе и начинот за аплицирање на огласот - дали ќе оставите ваша емаил адреса или кандидатите ќе аплицираат преку веб страната каде што е објавен огласот.

Што треба да избегнувате при пишување на оглас?  

  • Непотребен жаргон. Употребата на жаргон, популарни фрази или акроними всушност може да има негативен ефект врз бројот на апликации. Наместо тоа, користете јасни и прецизни клучни зборови. 
  • Изоставање на клучни информации. Не ги запоставувајте клучните информации. Вклучувајќи ги насловот на позицијата, локацијата и платата во огласот полесно ќе добиете релевантни апликации како и зголемено присуство на Google.
  • Правописни и граматички грешки. Ваквите грешки во оглас за работа прават ве прикажуваат како неуредни и непрофесионални. Проверете го и препрочитајте го огласот неколку пати, побарајте и некој друг да го прочита и провери пред да го објавите. 
  • Игнорирање на структурата. Не би сакале вашиот оглас да изгледа како обичен текст кој ќе биде тежок за читање и ќе ги одбива кандидатите. Користете помали параграфи како и потточки за да се одделат различните делови и да се добие јасна и прецизна претстава за тоа што се бара во огласот. 

Процесот на вработување започнува со огласот за работа и постои голем ризик да се наштети на брендот на компанијата ако огласот не е добро составен. 
Следењето на оваа едноставна структура како и вклучувањето на сите релевантни информации ќе ви заштеди многу време и ресурси и секако ќе го зголеми бројот на потенцијални кандидати за вашата работна позиција. Тоа ќе ви овозможи полесно да го одберете најдобриот кандидат од многуте квалификувани кандидати кои ќе аплицираат на објавениот оглас.

Статии
Како да се подготвите за интервјуа со повеќе испитувачи
  • 06-05-2025
Како да одржите високо ниво на мотивација при долг процес на барање работа
  • 06-05-2025
Подготовка за онлајн интервјуа: Како да оставите најдобар впечаток?
  • 19-11-2024
Како да знаете дека е време за нова работа
  • 21-10-2024
6 Начини како да ја зголемите својата самодоверба пред интервју за работа
  • 16-05-2023
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА УРОЛОГИЈА
  • ТРАНСПОРТЕН РАБОТНИК ВО МАГАЦИН
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ВРАБОТУВА 4 СЛУЖБЕНИЦИ
  • MEDICINSKA SESTRA (МЕДИЦИНСКА СЕСТРА)
  • SAMPLE SOLUTIONS ВРАБОТУВА PROJECT MANAGER/ASSISTENT
  • УХМР ВРАБОТУВА 4 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЦАРИНСКА УПРАВА - ПЛАТА: 51.600 ДЕНАРИ
  • МАГАЦИОНЕР
  • ЧУВАР ЗА ТРЕТА СМЕНА
  • MEDICINSKA SESTRA (МЕДИЦИНСКА СЕСТРА)
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ -...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО УЈП
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО НУ НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА
  • СЕРВИСЕР
Најактивни индустрии
  • Разни области (20)
  • Медицина и здравство (5)
  • Градежништво и Архитектур... (4)
  • Угостителство (2)
  • Информатика (1)
  • Автомобилска (1)
  • Администрација (1)
  • Прехранбена (1)
  • Хотелиерство (1)
  • Продажба и трговија (1)
  • Нафтена (1)
Најчитани огласи
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА УРОЛОГИЈА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР - ПЛАТА ДО 87.700 ДЕНАРИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЦАРИНСКА УПРАВА - ПЛАТА: 51.600 ДЕНАРИ
  • ДОКТОР ПО СТОМАТОЛОГИЈА
  • УЈП ВРАБОТУВА 8 СЛУЖБЕНИЦИ
  • УХМР ВРАБОТУВА 4 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРА...
  • SAMPLE SOLUTIONS ВРАБОТУВА PROJECT MANAGER/ASSISTENT
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРА...
  • РЕЦЕПЦИОНЕР/КА
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ ВРАБОТУВА 1...
  • АДМИНИСТРАТОР
  • MEDICINSKA SESTRA (МЕДИЦИНСКА СЕСТРА)
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР
Најактивни региони
  • нема информација (20)
  • Скопје (17)
  • Битола (1)
Издвоени огласи
ПРОДАВАЧ
  • Скопје
  • ТОПТРАДЕ ДОО
  • 10-06-2025

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2025 Вработи.се © - Сите права се задржани