Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 1 НОВИ ОГЛАСИ
  • 29 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 4887 КОМПАНИИ
  • 44476 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 209346 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 24-08-2022

Како полесно да напредувате на работа?

Работите напорно и се надевате дека еден ден ќе напреднете на вашето работно место. Вложувате долги часови напорна работа, помагате во специјални проекти, учите нови вештини, но сепак тешко е да бидете сигурни што е тоа што ќе ви даде предност пред останатите вработени кои исто така ги прават истите работи. 

Но, што навистина значи „да се напредува“ на работното место? Дали е тоа искачување по т.н корпоративна скала? Дали е заработување повеќе пари? Дали е едноставно чувството на исполнетост од работата која ја работите? 

Ако се задржиме на основата, да се напредува едноставно значи да постигнете успех - што и да е тоа за вас. Иако сите имаме различни цели во животот, постојат чекори кои можеме да ги преземеме за да бидеме посреќни, да заработуваме повеќе и да напредуваме во кариерите. А најдобриот дел? Овие чекори не се толку тешки или комплицирани како што би очекувале. 

Ако сакате да напредувате на работното место и во кариерата, но не знаете од каде да започнете, еве неколку совети кои можат да ви помогнат да се истакнете на работното место.

1. Бидете проактивни

Не може да очекувате големо унапредување само да ви падне од небо. Затоа размислувајте за поголемата слика, тука вклучувајќи стратегии кои можете да ги направите за да и помогнете на компанијата да ги постигне своите долгорочни цели. Запишете ги вашите идеи и презентирајте му ги на вашиот претпоставен. 

2. Барајте можности за до-едукација

Вообичаено, позицијата која ја сакате а е една скала погоре бара повеќе или можеби различни вештини од вашата моментална работна позициjа. Искористете ја секоја шанса за да ги подобрите вашите можности, било да е тоа со волонтирање на проекти или следење на тековни семинари и обуки. Бидете подготвени да му покажете на вашиот претпоставен дека сте преземале повеќе акции и дека сте квалификувани за следниот чекор. 

3. Учете од луѓе кои се експерти во својата работа/професија

Обидете се да научите од луѓето кои одлично си ја работат својата работата. Пристапете им на овие луѓе и прашајте ги за работен совет. Доколку имате можност прашајте ги како ги завршуваат работите и набљудувајте ги во начинот на кој што го прават тоа. Исто така забележете како го организираат и како управуваат со времето. Ако е возможно побарајте од нив да ви бидат ментори.

4. Секогаш имајте професионален пристап

Трудете се да бидете секогаш професионални во своите дејствувања на работата и во својот изглед. Бидете внимателни, но истовремено соработувајте со другите. Пробајте да се издвоите од топлата и барајте помош секогаш кога ви е потребно. Решавајте ги проблемите наместо да барате изговори бидејќи претпоставените секогаш ќе ги земат во предвид вработените кои ги решаваат проблемите кога размислуваат за можни унапредувања на работното место. 

5. Бидете самоуверени

Кога сте самоуверени, поголема е веројатноста оние околу вас да ги поддржат вашите идеи, а тоа секако ќе влијае на вашиот успех. Ако сметате дека ви недостасува самодоверба, размислете за сите вештини и таленти што ги поседувате. Фокусирајте се на вашите силни страни и вашите способности. Ако продолжите да се сомневате во себе и имате недостаток на самодоверба, размислете за земање часови за оние области што треба да ги подобрите. На пример, ако не сте сигурни кога разговарате за финансиски прашања, размислете да земете брз курс по финансии. Учењето да го „зборувате јазикот“ на финансиите може навистина да ви помогне со самодовербата, бидејќи тогаш ќе бидете сигурни дека знаете што зборувате.

6. Редовно ажурирајте го вашето CV

Само затоа што не барате работа во моментов не значи дека не треба да го ажурирате вашето CV. Многу е полесно да го ажурирате вашето CV кога имате помалку притисок. Еднаш годишно, одвојте време да им дадете внимание на оние важни детали што ќе ја зајакнат вашата приказна за кариерата што ја имате одбрано и ќе го надополнат вашето CV за да ја поддржат вашата нова цел.

7. Признајте кога ќе згрешите

Грешки се случуваат - било да е тоа доцнење на работното место, пропуштен состанок или печатна грешка во важен извештај - и вашиот претпоставен го знае ова. Кога ќе згрешите, признајте го тоа, извинете се дека сте погрешиле и понудете кратко објаснување за вашата грешка. Не измислувајте лоши изговори и не обвинувајте други за вашите грешки, тоа само ќе ја наруши вашата репутација. 

8. Научете да прифатите конструктивна критика

Слично како признавањето кога ќе направите грешка, за да напредувате мора да научите како понизно да прифаќате повратни информации или конструктивна критика. Имајте на ум дека вашиот претпоставен посочува области кои треба да се подобрат бидејќи тој или таа сака да успеете. Прифатете ја критиката љубезно („Ви благодарам многу што ме известивте, ќе работам на тоа“), а потоа направете ја потребната промена. 

9. Истакнете се самите

Многу вработени мислат дека нивната работа ќе зборува сама за себе, дека ако ги спуштат главите и напорно работат, ќе бидат наградени за тоа. За жал, ова верување едноставно не е точно. Иако неквалитетната работа сигурно ќе биде забележана, добрата работа често останува незабележана. Направете вашите претпоставени да бидат свесни за вашите достигнувања со тоа што ќе го разјасните позитивниот ефект што вашите проекти го имаат врз пошироката слика на компанијата. (Дали тој предлог што го напишавте доведе до нов клиент? Дали каналот за социјални медиуми со кој управувате помогна да се зголемат приходите?) Направете список со овие триумфи и разговарајте за нив на следниот состанок за евалуација.

10. Побарајте унапредување

Кога веќе сте сигурни дека сте одлични во вашата работа и дека заслужувате унапредување, прашајте го директно вашиот претпоставен. Ако ве одбие, прашајте што е потребно за да го добиете унапредувањето.

Да се напредува на работа е тешко без оглед на индустријата. Меѓутоа, со следење на овие совети можете да го прескокнете најголемиот дел од конкуренцијата кои не се подготвени да го вложат потребното време и труд. Што е најважно, гордејте се со она што го работите и начинот на кој ги завршувате работите. Со таков менталитет, напредокот и успехот сигурно ќе следат.

Статии
Како да изберете референти кои ќе ви помогнат во добивањето на работа
  • 13-06-2025
Како да ги истакнете кариерните паузи на позитивен начин
  • 13-06-2025
Како да се подготвите за интервјуа со повеќе испитувачи
  • 06-05-2025
Како да одржите високо ниво на мотивација при долг процес на барање работа
  • 06-05-2025
Подготовка за онлајн интервјуа: Како да оставите најдобар впечаток?
  • 19-11-2024
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ ВРАБОТУВА 17 СЛУЖБЕНИЦИ
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈА И МЛАДИ ВРАБОТУВА 6 СЛ...
  • АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВРАБОТУВА 6 РАКОВОДИТЕЛИ
  • ЛИЦЕНЦИРАН ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ И СМЕТКОВОДИТЕЛ СО ЛИЦЕНЦА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈ...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈЗУ ИНСТИТУТ ПО БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ ДЕЦА...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
  • ЈЗУ ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА „СКОПЈЕ“ ВРАБОТУВА 5 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
  • СЕРВИСЕР ЗА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА
  • ONLINE SALES REPRESENTATIVE
  • ОПЕРАТОР - ПАКУВАЧ
  • ЗАБЕН ТЕХНИЧАР
  • АВТОМЕХАНИЧАР
  • ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО- ВАРЕЊЕ ЛОКУМ
Најактивни индустрии
  • Разни области (20)
  • Медицина и здравство (2)
  • Автомобилска (2)
  • Производство (2)
  • Градежништво и Архитектур... (1)
  • Прехранбена (1)
  • (1)
Најчитани огласи
  • АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ ВРАБОТУВА 17 СЛУЖБЕНИЦИ
  • АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВРАБОТУВА 6 РАКОВОДИТЕЛИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА НЕФРОЛОГИЈА
  • ЦАРИНСКА УПРАВА ВРАБОТУВА 4 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
  • ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА УВО, НОС И ГРЛО ВРАБОТУВА 3 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ЈЗУ ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА „СКОПЈЕ“ ВРАБОТУВА 5 СЛУЖБЕНИЦИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА, РУДАРСТВО И МИНЕРА...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ДРЖАВНА КОМИСИЈА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ВО УПРАВНА ПОСТ...
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ФОНД НА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ФИСКАЛЕН СОВЕТ - ПЛАТА: 81.600 ДЕНАРИ
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 150 ПОЛИЦАЈЦИ
  • МИНИСТЕРСТВО ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈА И МЛАДИ ВРАБОТУВА 11 С...
Најактивни региони
  • нема информација (20)
  • Скопје (6)
  • Македонија (1)
  • Битола (1)
  • (1)
Издвоени огласи
ЛИЦЕНЦИРАН ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОД...
  • Скопје
  • БАС ТУТИ ФРУТИ ДОО С...
  • 06-08-2025

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2025 Вработи.се © - Сите права се задржани