Вработи.се ...Најбрзо и најлесно!
  • дома
  • за нас
  • блог
  • mk
    • МК
    • EN
  • внеси оглас
  • најави се
    • работодавач
    • работобарател

  • 0 НОВИ ОГЛАСИ
  • 122 АКТИВНИ ОГЛАСИ
  • 5007 КОМПАНИИ
  • 46481 ИСПРАТЕНИ АПЛИКАЦИИ
  • 210357 ОБЈАВЕНИ ОГЛАСИ
  • 21-10-2024

Како да знаете дека е време за нова работа

Понекогаш, чувството дека треба да направите промена во вашата кариера не доаѓа со јасен сигнал, туку се развива со тек на време. 

Сепак, постојат неколку знаци што можат да ви помогнат да утврдите дали е дојдено времето за промена и барање на нова работа. 

Ако веќе некое време размислувате да го смените работното место, проверете дали се препознавате во следниве ситуации:

1. Недостиг на мотивација и интерес за работата

Штом наутро се будите без ентузијазам и со чувство на апатија кон задачите што ве очекуваат,
тоа може да биде сигнал дека вашата моментална работа повеќе не ве исполнува. 

Недостигот на мотивација значително влијае на вашата продуктивност и генералното чувство на задоволство.

2. Постојан стрес и исцрпеност

Стресот на работа е нормален до одредена мера, но доколку често се чувствувате исцрпени,
нервозни и под постојан притисок, можеби вашата работа станува штетна за вашето здравје. 

Кога почнуваат да страдаат и личните односи, квалитетот на сонот и емоционалната состојба, време е да размислите за промена.

3. Лоша работна средина и односи со колеги

Токсичната работна средина, недостигот на поддршка од колегите и менаџерите или чувството дека не сте вреднувани како дел од тимот
може значително да ја намалат вашата желба да останете на моменталното работно место.

Кога таквите односи ќе станат неиздржливи за вас, време е за подобра алтернатива.

4. Недостиг на можности за напредок

Доколку се чувствувате како да тапкате во едно место и не гледате можност за унапредување, ниту пак стекнувате нови вештини или се развивате,
значи и дека сте демотивирани за работа. Како резултат на сето тоа, вие нема да го давате вашиот максимум во работата и нема да се чувствувате исполнето.

Постојаниот професионален раст е клучен за ваше лично задоволство но и неопходно за успешна кариера. Доколку компанијата во која работите не нуди можности за напредок, можеби е време да побарате нови предизвици.

5. Неусогласеност на вредностите

Компаниите имаат свои вредности и мисии, но ако чувствувате дека тие се различни од вашите лични ставови,
ќе ви биде сè потешко да се идентификувате со местото каде што работите. 

Во случај да се најдете во таква ситуација каде што треба да ги жртвувате своите морални или етички вредности, тоа може да биде знак за промена.

6. Се чувствувате недоволно платени

Чувството дека не добивате фер компензација за трудот и времето што го вложувате може да предизвика огромно незадоволство. 

Секој човек сака неговиот труд да се вреднува и плати соодветно, па кога вашите барања за зголемување на платата или унапредување постојано се игнорираат,
време е да побарате работа каде вашите вештини и напори ќе се ценат и вашето време посветено на компанијата ќе се исплати.

7. Занемарување на личниот живот

Во денешно време, многу компании наложуваат останување на работното место подоцна, работа за викенди или нереални рокови за исполнување на задачите.
Ваков тип на работа може да биде исцрпувачки и да ги доведе вработените до работ на таканаречен burnout или физичко и психичко исцрпување.

Доколку се доведете во ситуација кадешто се чувствувате дека немате време за семејството, пријателите или за вашето омилено хоби,
треба да размислите за работа што ќе ви нуди подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. 

Запомнете дека личниот живот и слободното време искористено за релаксација или работи во кои уживате се клучни за вашето ментално и физичко здравје.

8. Превисоки или нејасни очекувања

Ако постојано добивате задачи што не одговараат на вашата позиција, не се дел од вашето професионално поле
или не ги исполнуваат вашите очекувања, ќе се чувствувате изманипулирани и демотивирани. 

Точните очекувања се основа за задоволство од работата. Ако се чувствувате како да не припаѓате таму или мислите дека вашата работа нема јасна цел,
можеби е време за нова позиција што ќе се усогласи со вашите компетенции и интереси.

Заклучок

Промената на работата може да биде тешка одлука, но ако се препознавате во некои од горенаведените знаци, важно е да си го поставите прашањето:

 „Што е подобро за мојата иднина?“ 

Барањето нова работа не значи само подобрување на платата, туку и потрага по средина каде што ќе се чувствувате исполнети, мотивирани и среќни.
Со правилна анализа на вашите чувства, интереси и професионални цели, ќе донесете одлука која ќе ве насочи кон успех и задоволство.

Статии
„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување
  • 21-05-2026
Како да побарате поголема плата без да ви биде непријатно
  • 19-03-2026
Работни места што AI први ќе ги замени во следните години
  • 02-03-2026
Зошто добрите работници денес најбрзо даваат отказ
  • 21-10-2025
„Дадов отказ без нова работа“ – Сè повеќе млади го прават ова
  • 17-09-2025
Категории
  • Интервјуа
  • Совети
  • Колумни
  • Новости
  • Разно
Топ омилени огласи
  • SALES MANAGER
  • ОПШТИ РАБОТНИЦИ
  • ДОКТОР/КА
  • TOURISM AND HOSPITALITY SECTOR FACILITATOR
  • ДИСТРИБУТЕР/МАГАЦИОНЕР
  • ОПШТ РАБОТНИК
  • ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР
  • ЛОЖАЧ НА ПАРЕН КОТЕЛ
  • ВОЗАЧ
  • ПРОДАВАЧ
  • МАГАЦИОНЕР
  • ENGLISH LANGUAGE LEARNING SPECIALIST
  • DISPATCH
  • МАЈСТОР
  • МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
Најактивни индустрии
  • Продажба и трговија (31)
  • Разни области (20)
  • Прехранбена (13)
  • Градежништво и Архитектур... (11)
  • Електроника и Телекомуник... (5)
  • Угостителство (4)
  • Производство (4)
  • Шпедиција и транспорт (4)
  • Информатика (4)
  • Администрација (3)
  • Туризам (3)
  • Медицина и здравство (3)
  • Стоматологија (2)
  • Право (2)
  • Сметководство (2)
  • Фармација (1)
  • Дистрибуција и Логистика (1)
  • (1)
  • Текстилна (1)
  • Осигурување (1)
Најчитани огласи
  • ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
  • АДМИНИСТРАТОР
  • ENGLISH LANGUAGE LEARNING SPECIALIST
  • РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА
  • ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ - БИРО ЗА ЈАВНИ НАБ...
  • ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ
  • ДИСТРИБУТЕР/МАГАЦИОНЕР
  • SALES MANAGER
  • DISPATCH
  • ОПШТ МАГАЦИНСКИ РАБОТНИК
  • КОМЕРЦИЈАЛИСТ
  • МАГАЦИОНЕР
  • TOURISM AND HOSPITALITY SECTOR FACILITATOR
  • КЕЛНЕР/КА
  • ВОЗАЧ
Најактивни региони
  • Скопје (66)
  • нема информација (19)
  • Македонија (8)
  • Битола (7)
  • Штип (4)
  • Струга (4)
  • Охрид (3)
  • Велес (2)
  • Прилеп (2)
  • Струмица (1)
  • Тетово (1)
  • Гевгелија (1)
  • Кавадарци (1)
  • Куманово (1)
  • Кичево (1)
  • Надвор од Македонија (1)
Издвоени огласи
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (ТЕТОВО)
  • Тетово
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (КИЧЕВО)
  • Кичево
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (КУМАНОВ...
  • Куманово
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА (ШТИП)
  • Штип
  • Лидл Северна Македон...
  • 10-09-2026

Профил на компанијата

Логирајте се за да внесете оглас и да ги уредувате веќе внесените огласи за вработување.

Логин форма

Вработи.се е платформа којашто на сите баратели на работа и нови можности за напредок во кариерата им овозможува најлесен и најбрз пристап до сите отворени позиции за вработување или пракса во компании од најразлични индустрии.

Со децениско постоење на македонскиот пазар и огромно портфолио на задоволни клиенти, Вработи.се ги поврзува компаниите чијашто цел е градење на тим од професионалци со сите кандидати заинтересирани за професионален напредок. 

Платформата Вработи.се е поддржана од компанијата Ignite Global Media.

  • Често поставувани прашања
  • Внеси оглас
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Ценовник
  • Референтна листа
  • Блог
  • За нас
  • Контакт
  • info@vraboti.se

  • Архива
2026 Вработи.се © - Сите права се задржани