Детали за огласот

  • СИГМА-СБ Славчо ДООЕЛ увоз-извоз СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.sigmasb.com.mk
  • Код на огласотTHGGOFJ

(Неактивен) - ПРОГРАМЕР

Детали за огласот

За Сигма-СБ 

Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент чиј производ е познатиот деловен софтвер SSB ERP. Сигма-СБ врши оптимизација на финансиското работење, набавките, производството, логистиката, продажбата, магацинското работење (WMS), како и на останати други процеси во компаниите, со цел зголемување на нивните приходи и маржи, намалување на времето за реализација, трошоците и губитоците и подобрување на достапноста на нивните производи и услуги. Основана во 1995 год, Сигма-СБ e добро позната регионална компанија која зад себе има докажана реализација на успешни проекти за познати големи регионални и македонски компании.

Повеќе на  www.sigmasb.com.mk

Сигма-СБ објавува оглас за вработување со полно работно време за работно место:

 

ПРОГРАМЕР 

Квалификации:

·         Искуство со програмирање во Delphi

·         Искуство со Т-SQL програмски јазик

·         Искуство со MS SQL Server база на податоци

·         Способност за брзо навлегување и прифаќање на веќе изработени проекти и продолжување на развој на постоечки апликативни решенија

Kлучни задачи и одговорности:

·         Изработка на парцијални или нови програмски решенија

·         Изработка на репорти

·         Учествува во осмислување на техничко решение на дефиниран бизнис процес кој треба да се доработи и имплементира

·         Учество во дебагирање и решавање на инциденти поврзани со SQL или извршен код

·         Темелно тестирање на секоја завршена задача или операција

·         Навремено пријавување на настанати проблеми при релизација на задачи

·         Самостојно и совесно извршување на секоја задача

·         Самоиницијативност и контрола на сопствениот квалитет на извршување и запазување на договорените рокови

·         Способност за работа во тимска околина и тесна соработка со Бизнис аналитичари

Карактеристики:

·         Да демонстрира припадност кон тимот

·         Прилагодливост кон промени во задачите и окружувањето

·         Исполнителност и одговорност кон доделените задачи

·         Искреност и отворена комуникација

 Предност би имале кандидатите кои го имаат дополнително и следното искуство:

·         Изработка на финансиски и ERP апликации (материјално, финансово, плата...)

·         Работа на Web апликации

·         Искуство со Visual Studio C#, asp.net

·         Активното користење на Англиски јазик

Работно  време

• Редовно работно време на Сигма-СБ е од 08-16 ч. од понеделник до петок

• За објавеното работно место можна е работа од далечина

 

Пријавување

 

Испратете кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на е-маил:  rabota@sigmasb.com.mk со предмет на пораката: „ Програмер”

 

Начин на избор

Изборот на кандидати ќе се врши врз основа на доставена документација и интервју. Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани во понатамошниот процес на селекција. Сите кандидати ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена по завршување на огласот.Рок за пријавување:  02.05.2024

 

Со испраќањето на Вашата кратка биографија(CV) и мотивациско писмо, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на СИГМА-СБ

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на посочената електронска пошта