ГОРЕ
Второ место во категорија најдобар бизнис/корпоративен сајт за 2015

Доколку за вашиот оглас имате изработено постер, отсега е овозможена опција за истиот да биде прикачен преку формата за објавување огласи на Вработи.се. Со тоа ви овозможуваме, преку вашата креативност, како компанија да бидете уште попривлечени за барателите на работа.

Андроид апликација

Објавено на: 03-11-2014

Ви ја претставуваме нашата нова андроид апликација преку која во било кое време од вашиот таблет или смарт телефон ќе имате пристап до огласите за вработување. what are those!?

Сите огласи на едно место

Објавено на: 20-10-2014 / Обновено на: 26-10-2015

Отсега Вработи.се претставува сервис на кој покрај огласите објавени на самиот портал, ќе се прикажуваат и оние од останатите сајтови за вработување.

Доколку огласот е преземен од друг портал при негово отворање ќе бидете насочени кон оригиналниот оглас или ќе биде додаден линк кон изворниот оглас.

Контактирајте не на info@vraboti.se за вашиот портал да биде додаден како извор и огласите од истиот да бидат излистани на Вработи.се

Вработи.се Виџет

Објавено на: 26-04-2014

Бидете во тек со најновите огласи за вработување со поставување на Виџет на Вашиот портал

Бесплатен премиум оглас

Објавено на: 25-09-2012 / Обновено на: 29-11-2016

Секоја компанија која ќе се регистрира и ќе објави оглас на Вработи.се еднократно добива можност еден од објавените огласи бесплатно од наша страна да биде излистан како премиум оглас. Истиот ќе биде потенциран и прикажан пред сите останати стандардни огласи.

Времетраењето на прикажување на премиум огласот ќе биде седум дена од денот на неговото назначување, по што ќе биде излистан како стандарден оглас.

Вработи.се мобилна верзија

Објавено на: 12-09-2012

Изработена е мобилна верзија на Вработи.се кон која автоматски ќе бидете насочени доколку ја посетите од мобилен телефон или директно преку следниот линк: http://vraboti.se/mobile

Зошто да објавам оглас на Вработи.се?

Објавено на: 01-09-2012 / Обновено на: 22-04-2016

Затоа што Вработи.се единствен портал кој има мобилна верзија од веќе постоечките кои нудат слични содржини!

Затоа што Вашиот оглас ќе биде објавен на нашите Facebook фан страни!

Затоа што добивате БЕСПЛАТЕН банер (лого на компанијата) доколку имате активен оглас!

Затоа што имате можност да поставите ПОСТЕР од Вашиот оглас!

Затоа што Вашите податоци се зачувуваат преку безбедна SSL конекција!

Затоа што Вашиот оглас ќе биде виден и споделуван од огромен број на посетители!

Затоа што Вработи.се е местото каде ќе ги најдете вистинските луѓе за Вашиот тим!

Затоа што позади Вработи.се стои тим на професионалци кој е секогаш во чекор со потребите на своите корисници!

За објавување на оглас со лого на компанијата потребно е само да се логирате во системот и веднаш ќе бидете насочени кон формата за внесување на деталите за огласот (прочитајте овде како да креирате кориснички профил). Откако ќе биде зачуван ќе се излиста во делот на активни огласи, како и во модулот “Мои огласи”. Овде ќе можете да го изменувате или избришете огласот.

Доколку имате прикачено лого на компанијата истото ќе биде видливо се додека има активни огласи, а исто така ќе биде поставено над секој од внесените огласи со што ќе бидат полесно забележани од страна на барателите на работа.

За објавување на оглас без лого на компанијата потребно е да кликнете на “ВНЕСИ ОГЛАС” и потоа на “ВНЕСИ ОГЛАС БЕЗ ЛОГО НА КОМПАНИЈАТА” кадешто ќе Ви се отвори форма во која ќе ги внесете сите детали потребни за огласот. Откако ќе биде зачуван ќе се излиста во делот на активни огласи и ќе Ви се прикаже пет цифрен код со кој можете да вршите измени на огласот. 

Корисничкиот профил пред се е наменет компаниите кои сакаат да објават оглас со бесплатен рекламен банер (лого на компанијата), како и за оние кои во иднина би поставиле платени премиум огласи. Воедно доколку креирате профил имате можност за полесен преглед на сите Ваши објавени огласи.

За да се креира кориснички профил најпрвин потребно е да кликнете на “Најави се” во главното мени за потоа да кликнете на “Регистрирај компанија” кадешто ќе бидете насочени кон форма во која е потребно да внесете некои основни податоци за Вашата компанија.

Откако профилот ќе биде креиран можете да се логирате со помош на Вашето корисничко име и лозинка.

Модулот Мои детали” ги содржи сите информации за Вашата компанија, а меѓу другото имате и опција да прикачите бесплатен рекламен банер (лого на компанијата).

Во модулот Мои огласи” имате можност да ги изменувате и бришете вашите објавени огласи.