Детали за огласот

  • Друштво за електроника дизајнирање и производство МИКРОСАМ увоз-извоз Прилеп АДМакедонија
  • Плата од 15.000,00 до 60.000,00 денари во зависност
  • Вид на вработувањеПо договор
  • Број на работни места5
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаmikrosam.com
  • Код на огласотTOLLGM

(Неактивен) - МАШИНСКИ ИНЖЕНЕРИ – 5 РАБОТНИ МЕСТА

Детали за огласот

Основни одговорности и задачи:

Развој и конструирање на специални CNC машини за купувачи од целиот свет

Пресметки на погонски и преносни елементи, FEA анализа, статички и динамички анализи и пресметки

Планирање и следење на производствените процеси

Изработка на техничка документација, технички цртежи и 3Д модели

Контактирање и посета на добавувачи и купувачи надвор од Македонија

 

Што нудиме?

Одлични услови за работа во креативна средина

Амбициозен и професионален тим со големо искуство во врвни технички решенија

Континуирана обука и можност за напредување од личен и од технички аспект

Учество на меѓународни проекти со купувачи од целиот свет

Организиран превоз и храна

 

Испратете кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса:

prijava@mikrosam.com

 

ЗАДОЛЖИТЕЛНО НАЗНАЧУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО за кое аплицирате.

Рокот за пријавување е до 03.05.2017г..

Почетна нето плата во износ од 15.000,00 до 60.000,00 денари во зависност од искуство и знаење

Дневното работно време е 8 часа, од 08:00 до 17:00 ч. (пауза од 10:00 до 10:30 ч. и од13:00 до 14:00 ч.)

Неделното работно време е 40 часа, од понеделник до петок

 

Назив на работодавач: Друштво за електроника, дизајнирање и производство МИКРОСАМ увоз-извоз Прилеп А.Д.,

седиште: ул. Крушевски Пат бб, 7500 Прилеп, Р.Македонија,

телефон: 048 400 100, 075 226 411.

лице за контакт: Билјана Проданоска

 

По истекот на рокот, пријавените кандидати кои доставиле комплетна документација ќе бидат повикани на тестирање и/или интервју врз основа на кои ќе се изврши селекција .

Доколку на јавниот оглас се пријават до 200 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.