Детали за огласот

  • ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttps://mcash.mk
  • Код на огласотTOGGMK

(Неактивен) - ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

Детали за огласот

ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. Компанијата е дел од брзорастечката меѓународна група MFG, која располага со развиена мрежа на канцеларии на територијата на Бугарија, Украина, Романија, Полска, Чешка и Македонија. Тимот на компанијата вклучува млади, креативни и амбициозни вработени со основна цел да развие ефикасна, динамична и модерна работна околина.

 

Поради проширување на активностите на компанијата, сакаме да вработиме амбициозен, снаодлив и одговорен вработен на позиција:

 

ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

 

 

Обврските на операторот вклучуваат:

Одговарање на влезните повици од клиентите

Контактирање на клиентите со цел прибирање на дополнителни податоци или документи

Контактирање на клиентите со цел реализирање на продажни кампањи

Грижа за клиентите

Aдминистрирање на добиените информации во базата на податоци

 

Ние нудиме:

Можност за професионален развој

Можност за обука и зголемување на квалификациите

Динамична работа во млад и мотивиран тим

Добра заработувачка

 

 

Доколку сметате дека можете да одговорите на нашите барања, а ние на Вашите очекувања, Ве молиме доставете ја Вашата детална биографија со актуелна слика на нашата електронска адреса careers@mcash.mk, со назначување на позицијата за која аплицирате. Ние гарантираме доверливост на сите апликации за работа и ќе ги исконтактираме само одобрените кандидати во потесниот круг на избор.