Детали за огласот

  • Центар за младински активизам Цма КрикСкопје
  • Плата /
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаkrik.org.mk
  • Код на огласотTOFNHM

(Неактивен) - АСИСТЕНТ ЗА ДИЗАЈНИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ МЛАДИНСКИ ПРОГРАМИ АНГАЖИРАН НА ПОЛА РАБОТНО ВРЕМЕ 20 ЧАСА НЕДЕЛНО

Детали за огласот

Позиција: Асистент за дизајнирање и спроведување младински програми ангажиран на пола работно време 20 часа неделно.

 

Работни обврски:

 

 

Да развие, дизајнира и подготви целосна програма и работна методологија наменета за млади лица со типичен развој и млади лица со попреченост; Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади; Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост; Да детектира и да пристапи до различни целни групи и да ги препознае нивните потреби и предложи програми за нивен развој; Дава поддршка во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи; Дава поддршка и експертиза во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности; Спроведува активности од младинска работа и комуницира со останати партнери (организации) од младинскиот сектор; По потреба, помага во комуникација со донатори (народни и меѓународни). 

Работен ангажман: од понеделник до петок од 16:00 до 20:00 часот. Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).

Работен простор: младински центар на Цма Крик кој се наоѓа во Пржино.

Број на асистенти: 1.

 

 

Краен рок за аплицирање: 02.03.2017

Работниот ангажман започнува на: 06.03.2017

Тест период: 06-20.03.2017

Ангажманот се склучува со времетраење од 3 месеци и можности за продолжување. 

Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com. Во subject наведете го името на работната позиција за која аплицирате.