Детали за огласот

  • Самеримпекс - ИмпулсиОхрид
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб страна
  • Код на огласотTMLJIF

(Неактивен) - КЕЛНЕР/КА

Детали за огласот

Во рамки на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (Increasing Market Employability (IME)), ќе се реализираат обуки за млади невработени лица до 29 годишна возраст,  кои се заинтересирани за работа во областа на туризмот и угостителството. Ова е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана во нашата држава од Swisscontact со помош на ПРЕДА Плус.

Обуката е бесплатна за сите учесници, а ќе биде конкретно насочена кон подготовка за работна позиција келнер/ка и рецепционер/ка. Истата  ќе се реализира во соработка со швајцарската Академија за хотелски менаџмент од Луцерн, со што учесниците ќе се здобијат со вештини кои се од огромно значење за секторот туризам. Најголема придобивка за учесниците на оваа обука е фактот што вештините кои ќе ги стекнат преку практичната реализација, ќе им овозможи да станат поконкурентни на пазарот на трудот во угостителската дејност. Таргет на програмата е што поголем број од овие млади лица да бидат вработени од страна на угостителите кои се активно вклучени во реализацијата на  истата.

Целта на оваа обука е преку швајцарски искуства да се подобри туристичкиот сектор во земјава.

Познато  е дека Швајцарија е секогаш во врвот во имплементираните туристичките стандарди, а преку оваа соработка ќе се воведат швајцарски стандарди за работа во туризмот во Македонија.  Академијата во Луцерн е избрана за реализација на обуките бидејќи се води како една од најпрестижните институции во Швајцарија за спроведување на ваков тип на обуки.

Услови за аплицирање:

1.      Млади невработени до 29 годишна возраст,

2.      Завршено средно или високо образование, но може да се и студенти

3.      Живеат во Охрид, Струга и населените места во оваа област

4.      Аплицирањето на биде најдоцна до 30.09.2016 год

 

Начин на аплицирање:

1.      Да се испрати кратка биографија, со основните податоци за кандидатот на маилот :  merivelevska@gmail.com

2.      На сите пријавени ќе им биде испратен прашалник кој треба да се потполни од нивна страна,  до датумот кој ќе им биде назначен на истиот.

3.      После  првиот круг на селекција избраните кандидати ќе добијат повратна информација и закажан термин за кариерно советување

4.      После вториот круг на селекција избраните кандидати ќе добијат детални информација за присуство на обуката.