Детали за огласот

  • DEKRA MACEDONIAСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://www.dekra.mk/
  • Код на огласотTGOHLGF

(Неактивен) - ОВЛАСТЕН АКТУАР

Детали за огласот

Во име на својот Клиент, компанија која работи во доменот на осигурување, ДЕКРА ја огласува позицијата:

ОВЛАСТЕН АКТУАР

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Одговорен за естимација на техничките резерви на Друштвото; Го известува Одборот на Директори и Извршниот Директор за околности што може да имаат значајно влијание врз работењето на Друштвото од актуарска перспектива, а посебно за адекватноста на техничките резерви и адекватноста на пресметаните премии и останатите обврски на Друштвото; Изготвува писмени извештаи за извршените актуарски пресметки и проверки на техничките резерви и ги доставува до Одборот на Директори, Извршниот Директор и раководните лица во Друштвото, како и до Регулаторот; Му обезбедува совети на Друштвото за осигурителните ризици со кои се соочува Друштвото; Му обезбедува совети  за политиките на вложување и вреднување на средствата на Друштвото; Изготвува актуарски пресметки и проекции за воведување на нови осигурителни производи; Обезбедува совети за солвентната позиција вклувајќи преспетка на капиталот и маргината на солвентност, техничките резерви, резервите на сигурност и останатите резерви на Друштвото; Подготвува други актуарски пресметки во врска со оценка на ризиците и политиките на Друштвото како и соодветните контроли релевантни за финансиската состојба на Друштвото.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

Завршено Високо Образование; Задолжително поседување лиценца за Овластен Актуар; Претходно работно искуство од минимум 3 години во осигурителна компанија; Познавање на законската регулатива; Одлично познавање на англиски јазик; Одлично познавање на MS Office пакетот.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

Добри аналитички способности; Одговорна и лојална личност; Способност за индивудуална и тимска работа; Способност за организација и контролирање на работата и обврските.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е: 03.09.2020.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.