Детали за огласот

(Неактивен) - САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА СМЕТКОВОДСТВО

Детали за огласот

АСП КОНСАЛТИНГ е сметководствено друштво со долгогодишно искуство во давaње сметководствено – финансиски услуги и услуги на корпоративно управување за своите клиенти.

Како дел од групацијата на АСП-ПАК, АСП-КОНСАЛТИНГ го сочинува тимот задолжен за сметководствено, финанисиско и корпоративно управување на АСП-ПАК која претставува водечка фирма за производство на пакувања и мрежи во Европа.

Во текот на своето работење, успеавме да развиеме портфолио на клиенти од различни големини и дејности вклучувајќи производство, трговија на големо и мало и други разновидни дејности. Како дел од нашиот тим, на нашите вработени им нудиме можност да се стекнат со искуство со најразлична проблематика од разновидни области на сметковоството и деловното работење.

Доколку имате желба да учествувате во тим кој постојано се развива и надградува, АСП-КОНСАЛТИНГ ја нуди следната можност за вработување:

 

Оглас за вработување

 

САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА СМЕТКОВОДСТВО - СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

Работни задачи и одговорности:

-      комплетно водење и контрола на сметководственото работење,

-      контрола на книжење на финансиската и материјална документација,

-      разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи,

-      подготовка на финансиски извештаи,

-      комуникација со сите релевантни државни институции и

-      други работи кои произлегуваат од природата на работното место.

 

 

Потребни квалификации

-      завршено високо образование – дипломиран економист, сметководствено – финансиски смер или деловна економија

-      работно искуство од најмалку 5 години, пожелно во производствено сметководство

-      искуство со работа на програмски модули за водење на сметководство

-      одлично познавање на работа со EXCEL и MS OFFICE пакетот.

-      Одлично познавање на Англиски Јазик

 

Дополнителни квалификации:

-      самостојност во извршувањето на сите сметководствени работи

-      ажурност, одговорност, исполнителност и брзо учење и адаптирање на спецификите во компанијата

-      спремност за работа под притисок и во рок

-      отвореност и спремност за тимска работа

-      поседување на возачка дозвола Б категорија ќе се смета за предност.

 

Огласот ќе трае: 15 дена од датум на објава.

  

Доколку сте заинтересирани да учествувате во нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата кратка биографија „CV” и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: Info@asppak.com.mk со назнака „Самостоен референт за сметководствени работи“.

По завршување на огласот, ќе се изврши селекција на кандидатите и кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.