Детали за огласот

  • Издавачка куќа Сакам КнигиСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб страна
  • Код на огласотTGOGHOI

(Неактивен) - ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОР

Детали за огласот

Издавачката куќа Сакам Книги има потреба од финансиски администратор, кој ќе работи во координација со нашето сметководствено биро за темелно, ажурно и внимателно водење на финансиското и материјално работење на фирмата. Работното време е флексибилно (за почеток неколку дена неделно), а дел од работата може да се врши и од дома, па постои опција за редовен работен однос или хонорарно работење.

Работни обврски и одговорности:

Педантно водење сметка за сите документи во фирмата во координација со книговодство. Внесување изводи во систем и проверка/наплата на доспеани побарувања од клиенти. Електронско плаќање фактури, префрлање плати, исплати по авторски договори, кирии и слично. Благајна, водење сметка за материјални трошоци и сл. Изработка на договори за нови вработени, изјави за престанок на работен однос, решенија за годишни одмори… Подготовка на документација и понуди за јавни набавки. Дополнителни задачи на барање на претпоставени во склоп на секојдневното работење.

Личен профил:

Одговорна, педантна, темелна, добро организирана и доверлива личност Добри комуникациски способности и професионален однос Лојална, љубезна личност и тимски играч Позитивен и проактивен пристап кон работата

Заинтересираните кандидати може да испратат свое резиме и мотивационо писмо на contact@sakamknigi.mk. Ќе се земат предвид само кандидатите што ги исполнуваат условите. Огласот е отворен до 02.06.2020.