Детали за огласот

  • DEKRA MACEDONIAнема информација
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://www.dekra.mk/
  • Код на огласотTGOFIHI

(Неактивен) - РАБОТНИК ВО РЕСТОРАН

Детали за огласот

ДЕКРА за потребите за клиент од Хрватска ја објавува позицијата:

РАБОТНИК ВО РЕСТОРАН

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

Се грижи за уредно послужување на гостите со топли и свежи производи во пријателска атмосфера и пријатен и чист амбиент во ресторанот; Уредно и примерно да се однесува (чиста и средена униформа, отворен и пријателски настап кон гостите и останатите работници); Константно ги користи 3К принципите- Координација, Кооперација и Комуникација во тимската работа; Работа во кујна- во прирема на сите видови печени и пржени производи, млечни напитоци и сладоледи, топли и ладни пијалоци, салати, гарнири и сосови, ја одржува кујната чиста, вклучувајќи ја и опремата за припрема на храна, филтрира масло; Работа на каса- земање на нарачки и следење на шесте чекори на послужување, користи сугестивна продажба; Работи во просторот за гости- го чисти подот и скалите, ги чисти и одржува тоалетите, терасата и околината на ресторанот(ресторанските знаци, канти за отпадоци, паркингот); Се грижи за потребите и барањата на гостите делувајќи според политиката на компанијата; Работи на линијата за автомобили (drive линија) на послужување на гостите; Работи на примарното чистење на опремата и алатите во ресторанот (скара, фритеза, тостер, чистење на филтри); Работи на контрола на производство- се грижи сите производи да се достапни, топли и свежи, во секое време; Работи во магацинскиот простор на ресторанот- се грижи магацинот да е среден, чист и уредно снабден, ги дополнува суровините и останатите додатоци по потреба, ги следи упатствата за правилниот начин на хигиенско одржување; Сите гореспоменати обвррски ги извршува следејки ги оперативните процедури регулирани од страна на системот на компанијата наречен “check листа“, односно листа со прецизни насоки и регулативи за работа на поединечните станици во ресторанот; Ги врши останатите задачи дадени од страна на Тренерот на персоналот, Swing Менаџерот, Асистентот и Управителот на ресторанот.

ОБЕЗБЕДЕНО:

Сместување за целиот период на вработување; Платена повратна карта во најповолна варијанта за работодавачот од местото на живеење во Македонија до местото на работа; Обезбеден еден оброк дневно во ресторанот-местото на работа; Платен санитерен преглед; Платен лекарски преглед; Обезбедена униформа; Платена месечна карта за локален, градски превоз.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РАБОТНАТА ПОЗИЦИЈА:

Организирана работа 7/24; Работа во смени кои се менуваат и подразбираат и ноќна смена; Задолжително бричење, долга коса прибрана под капа, во репче; Не се дозволени долги нокти, лак, вештатчки нокти; Не е дозволено носење накит; Во работата со храна постои можност за контакт со свинско месо; Не е обезбедено место за практикување на верски обичаи; Обезбеден дневен одмор; Обезбеден неделен одмор.

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: rabota@dekra.mk, со назнака за позицијата за која аплицирате.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 30.04.2020

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.Сите пристигнати биографии, ќе се третираат со максимална доверливост.